„Имаме слободни медиуми, супер сѐ, само треба да го поправам телевизорот бидејќи ми е расипан, и во последно време не гледам вести“, вели еден граѓанин на анкетата на ЦИВИЛ Медиа што ја спроведе во Кавадарци, на прашањето: Има ли слободни медиуми?
„Има слободни медиуми, меѓутоа не е стабилна ситуацијата во државата. Партиите се лоши и народот е несигурен“, вели еден кавадарчанец.
„Медиумите известуваат како ќе им текне, и не сум задоволен од информациите кои ги пренесуваат. Денес едно ќе кажат, утре друго ќе кажат. Самите го побиваат тоа што го кажуваат“, вели еден граѓанин.
„Задоволна сум од медиумите како известуваат, обично гледам Сител и Канал 5, а некогаш и Телма, бидејќи не фаќам други програми“, вели една граѓанка.
Дехран Муратов