• Latest

Османи: Постои сериозна можност во 2018 да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

December 21, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Постои сериозна можност во 2018 да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

December 21, 2017 12:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) ја подготвува својата администрација, заедно со Кабинетот на вицепремиерот Бујар Османи, за предизвиците на Република Македонија на патот на европските интеграции во 2018 година со работилница „Предизвици 2018“, што денеска ја одржа во Струга. 

„Следната 2018-та е историска година за евроинтеграциските процеси во Република Македонија, кога, како никогаш порано, ни се отвора прозорец на можности за да направиме сериозен исчекор и, конечно, да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО“, изјави Османи на отворањето на работилницата.

Тој додаде дека СЕП, неговиот Кабинет, но и целата структура на администрацијата е потребно да се подготви за предизвиците што  ги носи 2018 година, како година во која ќе се носат клучните одлуки од телата на Европската Унија во однос на европските интеграции на Република Македонија.

„Доколку успешно ги адресираме предвидените реформи, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања, постои сериозна можност уште во 2018 година да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изјави Османи.

Според него, Секретаријатот за европски прашања, како најстручна и најподготвена административна структура, треба навремено да ги антиципира овие настани и соодветно да го подготви тимот, структурата и администрацијата за евентуалниот почеток на преговорите.

Работилницата „Предизвици 2018“ се изведува со директна поддршка од Германската агенција за меѓународна соработка – ГИЗ, т.е., од Отворениот регионален фонд за промоција на европската интеграција во Југоисточна Европа кои воедно се и целосни донатори на работилницата.

Секретаријатот за европски прашања е главно координативно тело на Владата на Република Македонија за надгледување и спроведување на обврските на земјата за приближување кон Европската Унија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Бујар ОсманиЕУинтеграцииПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ