• Latest
Добро утро со Орданоски

Во светот на предавниците

December 25, 2017

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во светот на предавниците

December 25, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски 

[dropcap]Н[/dropcap]е го знаеме планот на Христијан Мицкоски за тоа што мисли да прави како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Но, го знаеме планот на Груевски: тој мисли Мицкоски да игра според неговиот план.

А планот на Груевски, произлезен од „длабинската анализа“ по изборите, е едноставен: во партијата врие од предавници, со нив мора итно да се расчисти; СДСМ се одамна предавници со тапија, и со нив мора итно да се расчисти; меѓународната заедница ги помага предавниците, и со неа треба да се расчисти; а сите кои не се согласуваат со ова се предавници, и со нив треба да се расчисти, итно…

Како ќе расчистува Мицкоски со сите овие предавници? Така што ќе ги користи советодавните и оперативните услуги на Фамилијата, предводена од почесниот претседател на партијата.

Тоа е прекрасното идеолошко и политичко наследство што Фамилијата му го остава во аманет, како политичка програма за иднината, на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. При тоа, неговиот избор демонстративно го изведоа така за апсолутно никој, ни дома ни во светот – а особено не самиот Мицкоски – да нема дилема дека третиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран како резултат на исклучивата желба на Фамилијата.

Што ќе рече, ако „мрдне“ од зададената агенда, може да биде и „како дошол, така отишол“!

Ние не знаеме што политичка мустра е г. Мицкоски. Ако се суди според неговиот петнаесетминутен говор по изборот во Валандово, во него нема многу „штоф“ за големи изненадувања: здодевен говор преполн со политички флоскули (по една реченица за сѐ и секого, од невработените, до земјоделците; како да му го пишувал Протуѓер), со јасна заложба за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО. И тоа е нешто.

Но, види чудо, следниот ден, по крстењето пред иконата во струмичката црква, Мицкоски даде изјава во која јасно, во христијански занос, реплицираше на валандовскиот говор на својот политички ментор Груевски: „Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати…“

Опааа! А предавниците? И ним ли ќе им простуваме и со нив ли ќе се мириме, ќе се толерираме и ќе ги разбираме?!

Од сето погоре кажано, мислам дека треба да причекаме уште извесен период за да видиме со кого, точно, ќе си имаме работа на чело на најголемата опозициона партија. Тој (сѐ уште) не ги контролира сите полуги во партијата. Тамошните фракции брзо ќе му испорачаат што се нивните барања, а и меѓународната заедница, наскоро, без многу такт, ќе му соопшти што точно се очекува од него во 2018 г., со оглед на густата домашна и меѓународна агенда за Македонија.

Но, едно уште од сега ми е јасно: Мицкоски и Заев се како дојдени од два засебни света, од две различни галаксии! Нивните социјални, образовни, културни, политички, па и морални бекграунди – можеби со исклучок на христијанскиве сентименти и кај двајцата – речиси и да немаат никакви допирни точки. Тука хемија тешко дека ќе има. Дополнително, чувствувам извесен „фамилијарен“ презир кај Мицкоски во однос на Заев…

Штета. За Македонија.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Фамилијата“ВМРО-ДМНЕЗоран Заевмеѓународна заедницаНикола ГруевскипомирувањеСДСМХристијан Мицковски
Share130TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ