• Latest

ВМРО-ДПМНЕ продолжува во истиот стил

December 25, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ продолжува во истиот стил

December 25, 2017 14:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рециклирање на старите соопштенија и по промената на врвот, што е уште еден индикатор за тоа дека промените во оваа партија се само козметички. Така, во денешното соопштение се забележува добро познатиот вокабулар:

„Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици. На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи, туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво дело кое се коси со законот. Хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор. Притворените се оставени на минусни температура во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорите се расипани. Ова нечовечно и бездушно постапување на хунтата на власт мора да заврши. Овој политички прогон мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите.“ – гласи соопштението.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во јавноста излезе со помирлив тон, иако низ празни фрази, говорејќи за потребата од помирување. Сепак, неговата партија, со ултимативен тон бара: „1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон; 2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС; 3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.“

Одамна стана здодевно, но денешното соопштение, на самиот почеток на владеењето на третиот претседател во историјата на оваа партија, јасно говори за тоа што може да очекуваме и во иднина.

Џабир Дерала

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕкозметикаобвиненијаполитичка културапрес центарпромениСДСМХристијан Мицковски
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result