Во тек се разговори за влез на ДПА во владината коалиција, по новогодишните празници, дознава ЦИВИЛ Медиа од неофицијални извори.
ДПА е во постојана надолна линија од изборите во 2008 година, а нејзиниот лидер Мендух Тачи остана запаметен и по искажаната „верност до гроб“ на Мијалков. Воедно, Тачи е еден од најискусните политичари на македонската политичка сцена, потписник на Договорот од Пржино и учесник во сите поважни процеси во земјата.
И порталот Алмакос денеска објави дека ДПА ќе ги заземе испразнетите места во Владата кои претходно ѝ припаднаа на Алијансата за Албанците.
М. Л.