• Latest

Законот за аудиовизуелни услуги оди на уште едно читање во ЕК

December 27, 2017
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Законот за аудиовизуелни услуги оди на уште едно читање во ЕК

December 27, 2017 14:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-текстот на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на уште едно разгледување во Европската комисија на барање на ЕК. 

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека роковите не се пробиваат и оти по неговото враќање и евентуалните препораки, предлог-законот ќе биде ставен на владина седница.

– Најавено беше дека Предлог-законот ќе биде на дневен ред на вчерашната владина седница,  но на барање на Европската комисија сакаат да има уште едно читање на Предлог-законското решение. Владата одлучи дека тоа е сосема во ред. Не ги пробиваме роковите. По добивањето на евентуалните препораки законот набрзо ќе биде ставен на владина седница, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Бошњаковски соопшти дека се усвоени повеќе предлог-измени на закони што се однесуваат на правосудството и полицијата, а се дел од итните рефоромски приоритети предвидени со Планот 3-6-9. Меѓу нив, усвоени се измените на Законот за судовите, Законот за извршување на санкции, Законот за јавно обвинитество, Законот за кривична постапка, како и на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција. Усвоени се и пакетот законски решенија кои се направени по препораките на Прибе.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со измените на Законот за судови и Законот за јавното обвинителство, со кои се предвидува гонење на лица со полициски овластувања кои сториле кривични дела, ќе бидат опфатени и полицајците од настаните од 27 април во македонското Собрание, владиниот портпарол рече дека по донесувањето на законот ќе се види кои лица ќе бидат опфатени.

– Предлог законското решение ќе важи од моментот кога ќе биде објавено во Службен весник. Во моментов се работи за предлог за измени и дополнување што значи дека следува редовна постапка во Собранието на Република Македонија. Кои лица ќе бидат опфатени ќе видиме по донесувањето на законот, истакна Бошњаковски.

На вчерашната владина седница е разгледана и Предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план за 2018 на Македонската радио телевизија со тоа што кон одлуката од страна на Владата е доставено придружно мислење во кое меѓу другото се истакнува дека МРТВ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од македонското Собрание на 27 април годинава.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Европска КомисијазаконМедиумимедиумски слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ