• Latest
Добро утро со Орданоски

Што е наше, ќе си дојде!

December 29, 2017
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Што е наше, ќе си дојде!

December 29, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски 

[dropcap]И[/dropcap]нститутот за стратегиски политички истражувања и алкохолни исцедоци и испарувања (ИСПИ-АИИИ), со мобилно седиште на неколку кафеански локации во скопско Дебар Маало, вчера ја одржа последната седница за оваа календарска сезона на која се сумираа политичките постигнувања и другите резултати во 2017 година.

Индивидуалното членство во ИСПИ-АИИИ се темели врз старото персиско правило дека секоја голема и важна одлука што ја носела таа вековна античка империја поминувала низ процес на две дискусии: еднаш дискусијата се водела кога сите биле пијани, а потоа се повторувала и кога биле трезни; од комбинацијата на така мудро избалансираните ставови, се решавало дали да се тргне во војна или да се преговара за мир.

Ние вчера решивме дека треба да се преговара за мир. Не само затоа што, објективно, во Македонија веќе нема за што да се војува – Груевски замина во историјата, а демократијата во силен налет ја преплави државата и општеството – туку и затоа што во кафеаната снема кисела зелка со црвен пипер, па се прејде на скара, а млакиот шприцер, за разлика од ладната ракија, постепено ги разредува милитантните опции на гласните сеќавања за борбените херојства и ги претвора во плачливи мирнодопски дискусии за поделбата на пленот според револуционерните заслуги.

Е, кога дојдовме до пленот, констатиравме дека „Што е наше, ќе си дојде!“, што е типичен победнички заклучок на губитниците, бидејќи укажува на фактот дека само времено сме останале без придобивки, ако не се брои суџукот в раце што го мезевме во тој момент.

Но, одмаздата е слатка! Оние кои изгубија сѐ, сега се патат уживајќи во плодовите на нашата победа: уште се мачат во бизнисот, глава не можат да кренат од работа и профит; уште се на повеќето раководни места низ државата и не ги пуштаме да си заминат, туку по казна ги унапредуваме во директори, советници и министри, да видат како е; уште мудруваат по дебатните емисии, сега со нов демократски елан по наеднаш професионално освестените телевизии кои до вчера нѐ дереа на живо… Со еден збор, мајка им плакавме, глава не можеме да кренеме од нивните маки!

На пример, сирот Амди, којзнае какви кошмари му се вртат низ глава додека спокојно дреме во Собранието и си го масира средниот прст за трајно да не му се здрви од долга вкочанетост.

Сепак, во попијаниот дел од дискусијата, некаде на преодот меѓу пачата и сармата,  се истакна дека недоволно респект му се укажува на Претседателот на државата и на неговата иницијатива за национално помирување меѓу нациите во нашата нација. Се отвори дилемата за тоа која е разликата помеѓу амнестијата и амнезијата и дали едното го исклучува другото? И дали неговото апсење би придонело за националното помирување, со оглед на неговата неспособност да прогласи вонредна состојба тогаш кога им е најлесно и аболиција тогаш кога им е најтешко?

Сѐ на сѐ, заклучивме дека нашата револуција тече и дека 2017 година е клучната година пред 2018 и по 2016, во која ништо важно не се случило, освен што Фамилијата и дефинитивно си замина од власт. Овој факт предизвика мала штама во кафеаната, а потоа се нарачаа уште неколку вонредни тури од наливното вино во чест на Христијан Мицковски и неговата победа против силите на поразот во таа партија. Иднината му е светла како опашката на кометите што се појавуваат еднаш на илјада години, пред крајот на светот.

После, кога таман нарачавме експреса, почнаа да ни ѕвонат виберите со чудни прашања од жените до кај сме и дали наскоро ќе се прибираме, што беше јасен знак дека им недостасуваме, како што вода недостасува во пустина за да има живот. За сите.

Решивме дека за годинава е доста, а догодина ќе биде подобро, зашто ако е полошо од ова ќе ги соблечеме гаќите и во знак на протест ќе рипнеме во коприви. Ма, нема заебанции со нас!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Share239TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ