• Latest

Активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје

January 8, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје

January 8, 2018 13:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје.

Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.

Министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Министерството за внатрешни работи треба да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата). Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат издавањето одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз, да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации, дневно чистење на улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Владата на Република Македонија ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила.

Се посочува дека градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: владазагадувањемерки
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ