• Latest
Добро утро со Орданоски

До финалето, трпение – спасение!

January 16, 2018
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

До финалето, трпение – спасение!

January 16, 2018 08:05
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]К[/dropcap]ако и во ракометот, така и во политиката, Македонија деновиве остварува минимални, но значајни победи. И во ракометот и во политиката, одиме во „второто коло“, каде ништо не е загарантирано, но важно е дека движењето е нанапред.

Во моментот кога Бугарија го започнува своето претседавање со ЕУ, во чии неколку приоритети е реафирмацијата на балканскиот регион и забрзувањето на процесот за зачленување на Македонија во Унијата, во Скопје се ратификуваше Договорот за добрососедство со Софија. Секоја објективна анализа – во што не спаѓа меѓусебното плукање со нуклеарен ментален отпад на Фејсбук – покажува дека се работи за одличен тајминг и солиден меѓудржавен договор (во политиката сфатена како уметност на можното), после долги децении натегања за секоја точка и запирка во нашите соседски односи.

Во „второто коло“ е средување на спорот со името. Бидејќи најновава епизода на македонско-грчката „турска серија“ ќе потрае неколку месеци, пред да се одигра финалето, добро е да потсетиме на неколку корисни совети за одржување на духовната стабилност и ведрината на умот.

Значи, (ќе) преговараме со Грци, па ништо не мора да е така како што изгледа. Навистина, споделени се изјави и „поздрави“ какви што одамна не сме чуле во грчко-македонските односи, но не заборавајте дека преговорите, практично, речиси и да не се започнати.

Сакам да кажам, без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност. Од грчка страна, тие ќе бидат резултат на потребата во нивната јавност и дефинитивно да се „проголта“ фактот дека зборот Македонија ќе се содржи во решението; од македонска страна, пак, во нашата јавност ќе треба да се „проголта“ фактот дека, кога и ако се стигне до решението, ќе се бара тоа да биде впишано и во нашиот Устав – нешто на што деновиве љубезно нѐ потсети Лавров, долгогодишниот љубимец на скопски „Вечер“ и Курир, велејќи дека „кое било решение (за спорот за името) што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот Устав“, ќе биде прифатливо за Русија. Спасиба, и во оваа прилика.

Затоа, не е исклучено Грците да излезат со такви барања кои ќе значат понатамошно продлабочување на македонските внатрешно-политички несогласувања, па дури и со предлози кои ќе внесат раздор во македонско-албанските односи. Бидејќи, да потсетам, преговараме со Грци, можно е тие својата позиција да ја проектираат на уште еден неуспех во изнаоѓање решение на спорот со името, но од тоа да сакаат малку и да авансираат во својата грчко-српска, антиалбанска оска на Балканот.

Не знам дали јас нешто пропуштив деновиве, но не забележав дека Дачиќ направи некоја дополнителна провокација кон нас околу спорот за името? Па, какво е ова невнимание од српска страна, цела недела да помине без навреда или укор од Дачиќ?! Дури и Еди Рама, во негуван српски стил, не пропушти таблоидно да ни потпикне дека Законот за јазиците бил негова заслуга – нема, белки, тоа да остане без соодветен одговор од Белград?

Тоа е, како во старите, добри времиња, Македонија е повторно во центарот на регионалниот интерес. Затоа и советувам трпение, што може да нѐ одведе до спасение.

Сепак, јас мислам дека после локалниве балкански „загревања“ и преговарачките проигрувања за разрешницата во „второто коло“, за некој месец ќе се создаде одредена кратка, но опиплива можност „тешкашите“ од Брисел, Берлин и Париз, во содејство со Вашингтон и Лондон, да се вклучат во резимирање на одлуката за спорот со името и, во еден поцврст налет, да протуркаат некаков македонско-грчки договор.

Не верувате во таков расплет? И Словенците не веруваа дека Германците ќе им земат бод по фактичкото завршување на ракометниот натпревар, па им досудија црвен картон и пенал… Така ти е тоа кога се оди накај финалето.

 

Share130TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ