ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Струмица кое е нивното мислење за Законот за јазици.
„Не знам што да ви кажам. Како ќе одлучи владата – така!“, „Кој може нека зборува!“, „Ништо. Што да мислиме? Ок, се е ок, и така…“, се дел од одговорите на Струмичан(к)и.
„Не се сложувам. Ние сме Македонци! Било каде да одиш, во секоја една држава, во Англија да одиш зборуваш Англиски. Тука е Македонија и Македонија ќе си биде. Ни историја, ни јазик, никој не дава ништо да се менува“, вели една госпоѓа.
„Глупости! Ако се 60% нека зборуваат албански, ако се 20% пак нека зборуваат, ама не се толку!“, констатира друг.
„Ние сме Македонци и треба да зборуваме по нашки, македонски!“, дециден е еден од анкетираните.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов