• Latest

Поблаги мерки за Пешевска и Дурловски за нападите на 27 април

January 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поблаги мерки за Пешевска и Дурловски за нападите на 27 април

January 26, 2018 10:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд да им го продолжи притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април.

Обвинителството, како што денеска соопштија оттаму, бара продолжување на притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски – Бетмен, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и куќните притвори на Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски и на уште дваесетина осомничени.

Единствено промени има кај пратеничката Жаклина Пешевска и поранешниот директор на Македонска опера и балет, Игор Дуловски, за кои Обвинителството бара поблаги мерки.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, стои во соопштението од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Ова е второ продолжување на притворите на осомничените за 27 април. Претходно тие беа продолжени од Кривичниот суд на 27 декември, минатата година, а беа потврдени и од Апелацискиот суд Скопје, кој ги одби жалбите на сите осомничени, заклучно со последната на Борис Дамовски, за која Апелација одлучуваше вчера.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлДурловскиобвинетиОЈОПешевскасудење
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result