• Latest

Пораките на Димитров доминантна тема во Грција

February 1, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пораките на Димитров доминантна тема во Грција

February 1, 2018 19:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По разговорите во Скопје, медијаторот Метју Нимиц телефонски или на средба во Солун, ќе го извести грчкиот преговарач Василакис за средбите со македонскиот државен врв, објави грчката државна телевизија ЕРТ, кусо откако заврши заедничката прес конференција на Димитров и Нимиц.

Грчките медиуми, во извештаите по средбата на Никола Димитров и Метју Нимиц, акцентот го ставаат на изјавите на шефот на македонската дипломатија дека сме Македонци и зборуваме македонски и дека ако се допре идентитетот, нема решение. „Бомби“, „торпедо“, „ракета“ се зборовите што грчките новинари ги користат за да ги пренесат ставовите на министерот за надворешни работи.

Кусо по завршувањето на прес конференцијата на Димитров и Нимиц и изјавите на шефот на македонската дипломатија станаа прва и централна тема во Грција, јавува дописникот на МИА од Атина.

„ПЈРМ: Нимиц оптимист, Димитров говореше за решение што ќе ги почитува двете земји“; „Бомби Димитров за скопското прашање: Никој не може да ни го одземе правото да сме Македонци“; „МНР на ПЈРМ:Македонци сме,зборуваме македонски, тоа е наше право“; „Ракета Димитров: Никој не може да ни го одземе правото да сме Македонци“; „Торпедо Димитров за во преговорите: Ние сме Македонци, зборуваме македонски“; „Димитров: Само Грците негираат дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик“; „Нимиц: Оптимист сум – Димитров: Грците немаат ексклузивно право на терминот Македонија“ – се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

 

Грчките новинари во нивните извештаи ги пренесуваат ставовите и на Димитров и на Нимиц, но акцентот е на ставовите на шефот на македонската дипломатија. Некои од медиумите коментираат дека станува збор за „провокативни изјави“, други дека Димитров, директно ја разјаснил позицијата на соседната земја.

-Без да врти од околу министерот за надворешни работи на ПЈРМ, Никола Димитров, пред специјалниот медијатор на Обединетите нации, Метју Нимиц, разјасни дека прашањето за националниот идентитет и јазик е „црвена линија“ за Скопје, пишува информативниот портал Протагон, пренесува МИА.

Министерот за надворешни работи на ПЈРМ, Никола Димитров за време на прес конференцијата узлезе провокативен со неговата изјава. Министерот за надворешни работи на ПЈРМ, инсистираше посебно на темите за националниот идентитет и прашањето за јазикот, коментира порталот Капитал, а со сличен натпис е и онлајн изданието на Прото тема.

– Со една целосно провокативна изјава за правото на Скопјаните да се нарекуваат Македонци и да зборуваат „македонски јазик“ како дел од група словенски јазици, настапи министерот за надворешни работи на Скопје, Никола Димитров, за време на заедничката прес конференција со Метју Нимиц, пишува онлајн изданието на десничарски ориентираниот весник Прото тема.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: грчки медиумиМетју НимицНикола Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ