• Latest
Добро утро со Орданоски

Ете, така, одлета Александар Македонски

February 7, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ете, така, одлета Александар Македонски

February 7, 2018 07:24
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]а својата Фејсбук страна, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вели дека со промената на имињата на главниот автопат во државава (од „Александар Македонски“, во „Автопат на пријателството“) и главниот аеродром (од „Александар Македонски“, во „Меѓународен аеродром Скопје“), Македонија правела „еднострани отстапки (кон Грција) за кои не добива ништо за возврат!“: „Отстапуваме од нешто наше, а за возврат не добиваме ама баш ништо!“, вели Николоски.

Ваквиот став го повлекува логичното прашање: а што им дадовме ние „за возврат“ на Грците кога пред некоја година ги именувавме овие транспортни инфраструктури со името на Александар Македонски?

Одговорот не е толку компликуван: им дадовме „среден прст“, подолг, бидејќи Александар Македонски го прогласивме за „нешто наше“, а тогашната влада на сопартијците на г. Николоски беше на став дека само со тој вид на инает ќе ги подобриме нашите национални и државни перспективи.

Познато е како заврши тој експеримент. Меѓу другото, г. Николоски наместо да замине за амбасадор во Брисел, си остана во Скопје.

Тоа нè води токму до суштината на спорот на сегашнава Влада, со политиките на претходната, но, очигледно, и со политиките на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ – Николоски вели дека овие преименувања се резултат на „најпогрешната надворешна политика што една држава може да ја води!“…

А кој вели дека ова треба да се разбере како „надворешна политика“?! Зошто враќањето на домашната политичка нормалност во Македонија треба да биде дел од некоја „поширока стратегија за којашто јавноста не е информирана“ (Николоски) во спорот со Грција? Да, Заев ги прави овие чекори за да ја авансира нашата актуелна надворешно-политичка позиција, но тие потези, во својата суштина, се важни дури и без разлика дали спорот со Грција сега или некогаш ќе го решиме.

Треба навистина да си малку ненормален, во смисла на историскиот и социо-политичкиот инженеринг применет врз сопствената, македонска нација, па да го именуваш главниот државен аеродром според Александар; тоа да го направиш и со автопатот што од аеродромот води до главниот град; истиот Александар да го повториш и со прекрстувањето на главниот булевар што од тој автопат води до срцето на градот; а таму, на централниот плоштад, да му дигнеш на Александар триесетметарски споменик, окружен со тематски парк во истиот антички стиропор-стил, со целото Александрово семејство… Мислам, малку е претерано, болничко, дури и ако се согласувате дека Александар Македонски, што би рекол Николоски, е „нешто наше“.

А ваквиот „едностран“ пристап на Заев (за СДСМ расправата би била малку посложена), на еманципирање на Македонците од своите историски трауми, чијшто идентитетски пресушен „бунар“ ВМРО-ДПМНЕ го ископа дури до антиката, се покажува како извонредно ефикасен дури – ако веќе инсистира Николоски – и на надворешно-политички план, бидејќи „за возврат“ добиваме широки охрабрувања и поддршки за нашите идентитетски, економски, социјални, безбедносни, културни и други перспективи. Малку ли е тоа „за возврат“? Па, белки треба, сега, и ние нешто да одработиме…

Во таа смисла, деновиве некаде и предложив враќањето на старото име на Меѓународниот аеродром Скопје да се прослави со пригоден авио-митинг, на кој ќе се поканат летала и авијатичари од целото соседство, на кој Србите би можеле да ни го испратат својот најдобар воен оркестар да ги забавува посетителите; Грците да дојдат со авионската единица за воздушни акробации, да ги искривиме вратовите следајќи ги нивните вратоломии; Бугарите да пуштаат падобранци, а Албанците нека слетаат со неколку хеликоптери, па да прошетаме со деца и внуци, да се подружиме, да се забавуваме, да има балони и разнобојни знамиња…

Е, таква „еднострана“ политика треба да води Македонија, за која „за возврат“ ќе градиме модерен македонски идентитет на кој ќе му биде речиси сеедно како се викаат автопатот и аеродромот, за тие да почнат да функционираат и како инфраструктура за враќање, а не само за заминување од државата. Со или без решение на спорот со Грците.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Share416TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ