• Latest

Продавачите на уличните списанија доказ дека има излез од социјалната исклученост

February 8, 2018

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продавачите на уличните списанија доказ дека има излез од социјалната исклученост

February 8, 2018 16:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Приказните на продавачите на уличното списание „Лице в лице“, претежно лица со попреченост или од маргинализирани и ранливи групи, се доказ дека може да се излезе од кругот на сиромаштијата и социјалната исклученост. Затоа тие треба да се помогнат со купување на списанието, што чини 100 денари, средства од кои тие добиваат половина, беше порачано на денешното одбележување на Меѓународниот ден на уличниот печат организирано од собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Одбележувањето на овој Ден во македонското Собрание, е во рамки на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, која се одржува од 5 до 11 февруари.

На одбележувањето беа присутни и продавачите на уличното списание „Лице в лице“ кои раскажаа дел од своите приказни, а можеа да ги чујат и македонските пратеници.

– Сметам дека е наша должност, како претставници на граѓаните, да се вклучиме во една ваква меѓународна прослава на трудот на овие луѓе, а со тоа и да ја поддржиме работата на продавачите на уличното списание „Лице в лице“, рече Самка Ибраимовски, кој бил иницијатор на одбележувањето.

Освен продавачите, на настанот присуствуваше и сликарот Сергеј Андреевски, голем поддржувач и пријател на платформата „Лице в лице“ од првиот број.

Посочи дека за разлика од почетоците, кога граѓаните ги одбегнувале овие продавачи, сега ситуацијата е многу подобра и оти се продаваат се повеќе списанија.

На таков начин, рече, се создаваат можности овие лица да работат и заработат и да не зависат од никого.

– Нив ги гледаме секојдневно на улиците, свесни сме за промената која им се случила, а дополнително, директно можеме да се вклучиме во градењето на овој систем кој ни носи добро на сите, вели Маја Раванска, уредничка на „Лице в лице“.

Меѓународната недела на уличен печат во Македонија се одбележува веќе шест години преку „Лице в лице“, списание кое има околу 40 продавачи кои работат во шест градови во земјава.

На глобално ниво, во ова одбележување вклучени се над 100 улични списанија и весници на 24 јазици, во 34 земји. Над 21.000 продавачи секоја година се вклучени во продажба на уличен печат, заработувајќи вкупно 34 милиони евра годишно.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Лице влицеодбележувањеСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ