• Latest

Коѕијас на крајот на февруари ќе ја достави нацрт спогодбата за името на 20 страници

February 17, 2018

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас на крајот на февруари ќе ја достави нацрт спогодбата за името на 20 страници

February 17, 2018 08:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална придавка. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, изјави во интервју за грчката телевизија Алфа, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас. Доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија. Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име за соседната земја“.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека во Виена имало речиси 12-часовни континуирани преговори, но сѐ уште не постои договор за ниту една точка, барем според неговата перцепција.

Во однос на името и одредницата, Коѕијас рече дека постојат различни имиња, како што се „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“ итн.

– Но, тука постои една дискусија. Името ќе биде на латиница, ќе биде на англиски, со можност да се преведува на сите јазици? Ова мислам дека е нешто што би го сакале Скопјаните. Мојата желба е малку посложена. Би сакал да биде едно име што како што ќе се слуша и ќе се гледа, ќе се сфаќа дека е некоја друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство од грчката Македонија, рече шефот на грчката дипломатија, а како пример ги спомена имињата (сите ги изговори на македонски, без превод на грчки) „Нова Македонија“, за кое рече дека некои дебатираат дали е со географска или времена одредница, потоа „Вардар Македонија“, за кое рече дека содржи нешто добро за нас, бидејќи „и на албански на словенски првите два слогови се исти „Вардар“, а како друг пример го спомена името „Горна Македонија“.

Шефот на грчката дипломатија, откри дека првиот дел на нацрт спогодбата што Атина ќе му ја предложи на Скопје е подготвен, а на средината од месецов ќе биде доставена до македонската страна. Документот ќе биде околу 20 страници, а според Коѕијас се однесува на името и на она што произлегува од името, односно каква употреба ќе има името, изведени зборови односно идентитет, националност и јазик, а потоа и другите прашања како што се трговските имиња, акронимите и кратенките.  Тој повторно рече дека Грција бара името да биде и за внатрешна употреба, и во билатералните односи со другите земји и за меѓународна употреба.

Коѕијас во интервјуто за ТВ Алфа го спомена и македонскиот Устав, за кој рече дека „оние што викаат сега веднаш да се смени, знаат дека не може да се случи тоа и тие не сакаат решение“, но сепак потенцираше дека се неопходни уставни промени за евро-атлантска интеграција на Македонија.

Коѕијас објасни дека медијаторот Нимиц е потребен во разговорите, затоа што е претставник на Генералниот секретар на ОН и ќе треба да направи извештај за договорот, но и поради тоа што преговорите во одреден дел се водат под палката на Нимиц, а еден дел директно меѓу министрите за надворешни работи.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: имеКоѕиаснацрт стратегијаспор
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ