• Latest
Добро утро со Орданоски

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

February 26, 2018

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

February 26, 2018 07:12
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]еобичен е нискиот политички капацитет што продолжува да го покажува новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие, буквално, се занимаваат со „страничната“ политичка агенда на СДСМ (Ќосето и слични глупости), а ги „преспиваат“ магистралните правци на суштинското позиционирање на Македонија за наредната деценија – евро-атлантските интеграции. Нив, едноставно, ги нема во кадрите на крупните прашања, се занимаваат со ситничави прес-конференции за тендерчиња, лончиња и капачиња. „Долгата сенка“ од последиците на владеењето на Фамилијата, чии соучесници бројат недели и месеци во притворот во Шутка и по судските клупи, ќе ја чинат оваа партија уште еден пропуштен историски воз: ќе останат на маргините на македонското зачленување во НАТО и во ЕУ. Како кога се носеа тешките одлуки за добивање на кандидатскиот статус во ЕУ… Како кога се носеа тешките одлуки за конфликтот во 2001… Како кога се носеа тешките одлуки за осамостојувањето и приемот на Македонија во ООН… Итн.

Повторно партизаните, комуњарите и соросоидите ќе одработат уште едно суштинско прашање за постоењето на македонската држава. А ВМРО, главно, ќе мрчи. И, традиционално, повеќе ќе одмага, одошто ќе помага, ама со дигнат нос на историски презир и сè со некакви начкртани листи на предавници и конфузни закани кога-ние-ќе-се-вратиме-на-власт…

Во меѓувреме, Јункер на Заев во Скопје, на прес-конференција му се обраќа со “Cher Zoran” („Драг Зоране“), а со Меркел, Заев во Берлин од нејзината (пази сега:) бундесканцларамт тераса ги густира модерните урбани контури на Потсдамер плацот и на Рајхстагот… Па, иако во Брисел можеби секој-секому му се „лигави“ со мон-шер-ами по име, а не по презиме; а Меркел можеби секој гостин го качува на таа панорамска тераса како дел од вообичаениот протокол – сепак, за Македонија се тоа разгалувачки дипломатско-политички промени, наспроти сивилото на нашиот меѓународен дебакл во ерата на Груевски.

Се разбира, ние не сме толку наивни да мислиме дека Јункер или Меркел имаат намера „вечерата“ на Заев да му излезе бесплатна. Но, друго е кога ќе те седнат да апнеш на главната маса, наместо кога ти нудат ланч-пакети во ходникот. За почеток, имаат доверба дека Струмичанецот нема да им украде некое парче од сребрениот прибор за јадење (од бештекот, што би рекле кај Меркел). Претходните ги сметаа за обични балкански политички џепароши.

Значи, така некако се движи работата, што станува очигледно дека и на Унијата, како никогаш до сега, ѝ е потребно Македонија да успее. Тоа, објективно, е добар ветер во грбот за реформите што самите треба да ги спроведеме.

Е, токму на точката на реформите, важно е да се види дали, во овие месеци што следуваат, Заев нема да ги загуби нервите? Што мислам со тоа?

Бројот на критичари на работата на неговата Влада е зголемен. Претстои владина реконструкција во која ќе има губитници и добитници, што значи дека нивото на озборувањата, тролањата по фејсбуци и ширењето афери неколкукратно ќе се зголеми… Еден, некни, меѓу две гондоли во „Веро“, со еден препознатлив есдесемовски цинизам, ми вели: „Прв кој треба да настрада во реконструкцијата е самиот Заев!“

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав. Плус, ќе мора без многу сентименти преку палубата на владиниот брод да ги фрли сите оние кои „не знаат, ама се трудат“ и кои „ниту знаат, ниту се трудат“. А има и едни кои и знаат и се трудат, ама со поинаква агенда од онаа на шер-ами-Зоран.

Дополнително, најавата дека реконструкцијата ќе се прави и заради „проширувањето на собраниското мнозинство“, значи доделување на некои кабинети и ресори на нови коалициони партнери. Во коалиционирањето со ДУИ, Заев за возврат доби повеќе неспособни и корумпирани кадри од „ергелата“ на Ахмети, кои само, по навика, си ги продолжија и во оваа Влада разбојништвата од минатиот режим, од гевреците до мерцедесите на државна сметка. Точно фали уште некој кадар на Амди Бајрам, да речеме, па да го замолиме и Грујо да се врати во Владата.

Да не излезе, на крајот, дека само Чавков се пресмета што на време не се понуди да каже што знае?! Можеби уште не му е доцна?

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

 

 

Share161TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ