• Latest

Бошњаците не се рамноправни

February 28, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бошњаците не се рамноправни

February 28, 2018 16:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бошњачкиот истражувачки центар – LILIUM BOSNIACUM од Скопје, денеска ја промовираше својата прва публикација „Интеграција на Бошњаците во општеството“, во просториите на ГЕМ-клубот. 

Во публикацијата се сумирани резултатите од истражувањето коешто е спроведено на територијата на Република Македонија, за правичната застапеност на Бошњаците во државните институции, како и резултатите од спроведената анкета, на која учествуваа 1200 испитаници-Бошњаци за предизвиците и проблемите со кои се соочува бошњачкото население во земјата.

„Од информациите што ги добивме, дефинитивно најмал број застапеност на Бошњаците има во фондовите, сите видови на фондови, а исто така многу е алармантна состојбата има и голема нерамноправност на етничките заедници во државните институции, како на пример во Министерството за внатрешни работи, каде што само 0,2% од вработените се изјаснуваат како припадници на бошњачката заедница“, изјави Мерсиха Смаиловиќ, помошник помошник координатор на проектот.

Според резултатите кои се добиени од испитаниците поголемиот дел од нив не се чувствуваат рамноправно на другите заедници во Република Македонија, и се чувствуваат како тие повеќе да и даваат на Република Македонија, отколку држвата на нив.

„Ние сакавме да укажеме на важност на образованието на свој мајчин јазик, како еден од механизмите за подобра интеграција на единките во општеството. Преку анкетата од 1200 испитаници од бошњачката заедница, статистиката е дека 80 проценти од нив се образувале на македонски јазик, додека моменталната состојба е дека 82 отсто од децата на испитаниците исто се образуваат на македонски јазик,“  изјави Селма Ризвановиќ-Мандал, активистка и учесник во проектот.

Целта на проектот е да се информираат граѓаните како да ги остварат своите права, кои институции се надлежни, кои механизми да ги користат, како и препораки до локалната и централната власт што да превземат во однос на подобрување на состојбата на Бошњаците во Република Македонија.

Истражувањето е поддржано од Фондацијата отворено општество-Македонија.

Ангела Петровска

Tags: Бошњациистражувањенерамноправни
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ