• Latest

Фејсбук „крадел“ лични податоци на корисниците и преку игрите

March 25, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фејсбук „крадел“ лични податоци на корисниците и преку игрите

March 25, 2018 11:37
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук крадел лични податоци на неговите корисници дури и преку игрите, тврди поранешниот менаџер на компанијата Сенди Паракилас, додавајќи дека профилите на социјалната мрежа претсавуваат „стока која секојдневно се продава“. 

Паракилас, кој во Фејсбик работел во 2011 и 2012 година како лице одговорно за почитување на правилата за заштита на податоците на корисниците, во изјава за „Вашингтон Пост“ вели дека во тоа време не бил премногу загрижен за заштитата на податоците, но дека аферата со „Кембриџ Аналитика“ го поттикнала да проговори за овој случај.

Според него, податоци за корисниците биле „крадени“ и преку големиот број популарни игри на Фејсбук, вклучувакјќи ги и „Кенди краш“ и „Фармвил“.

Паракилас вели дека секогаш кога еден корисник ќе прифати некоја апликација преку Фејсбук му се појавува „прозорец“ со кој се бара дозвола за пристап до неговите податоци. Станува збор за податоци кои се јавни на секој профил, како име и презиме, фотографии, лајкови и слично, но апликацијата добивала и пристап до информации кои корисникот ги чува како тајни.

„Во времето кога „Кембриџ Аналитика“ прибираше податоци за корисниците, Фејсбук им дозволи на програмерите пристап и до податоци на пријателите на корисниците, дури и ако тие не ја инсталирале апликацијата, ниту пак и дозволиле да ги користи нивните податоци. Тоа на програмерите им овзоможи за кусо време да создадат огромни бази на податоци“, вели Паракилас, додавајќи дека објавувањето на аферата со „Кембриџ Амалитика“ потврдува дека таа практика продолжила и по неговото напуштање на Фексбук.

Според него, постои и опција да се забрани можноста апликацијата да има пристап до податоците на пријателите на корисниците, но таа се наоѓа „задскриена“ во поставките на Фејсбук и ја нема на сите јазици, па затоа само мал број корисници знаат за неа.

„Она што е најлошо е тоа што кога еднаш тие податоци од серверот на Фејсбук ќе преминат кај програмерите, Фејсбук веќе нема контрола врз нив, ниту знае за каква цел ќе бидат користени“, додава Паракилас.

Тој за „Вапингтон Пост“ наведува и еден случај од 2011 година, кога Фејсбук открил постоење на апликација наречена „Клоут“, која на социјалната мрежа отворала профили чии сопственици се претставувале како деца. При тоа не станувало збор за вистински деца, туку за „профили духови“ создаден од самата апликација врз основа на податоците добиени од корисниците кои ја употребувале „Клоут“.

„Моја задача беше да се јавам кај шефовите на „Клоут“ и да ги прашам дали со апликацијата кршат некои од правилата на Фејсбук, затоа што ниту можев да видам, ниту да знам што прават со тие податоци. Тие ме уверуваа дека не прекршиле ниту едно правило. Јас им повторив дека мора да се придржуваат до нашите правили и тоа беше крај на разговорот“, додава Паракилас.

Соред него, Фејсбук не презел ништо во врска со ова прашање, ниту пак го спречил „Клоут“ да продолжи да прибира податоци на корисниците.

Паракилас додава дека можело лесно да се види дека „Клуот“ ги крши правилата за приватност, но дека постоелие и „уште пострашни работи“ со апликации кои не можеле лесно да се отркијат.

Тој смета дека Фејсбук никогаш јавно не проговорил за овие проблеми затоа што не сакал јавноста да дознае за „големата дупка“ и слабостите на системот задолжен за безбедноста на податоците.

„Во 2012 година изработив голема презентација за главниот менаџмет со која им укажав на сите недостатоци на системот. Им објаснив дека имаме многу пропусти во системот и дека корисниците се опасно изложени на надворешни влиајнија. Тој документ го исптарив до сите, но добив многу малку, речиси никакви, повратни одговори“, вели Паракилас за „Вашингтон Пост“.

Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение.

Сопственикот и основач на Фесјбук, Марк Цукерберг досега не се огласи во врска со овој скандал.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: кражбалични податоциСенди ПаракиласскандалФејссбук
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result