• Latest

Виена – следен чекор кон решение за името

March 27, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Виена – следен чекор кон решение за името

March 27, 2018 07:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа недела се очекува да биде клучна за можно поместување во преговорите за решавање на проблемот со името, со најавената средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои на средба во Виена во петок, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц, ќе се обидат да ги најдат допирните точки на двете страни.

На средбата во Виена, на која што ќе присуствуваат и работните групи од двете министерства, ќе се процени досегашниот напредок во преговорите.

Димитров на петочната средба во Скопје со Коѕијас најави дека по Виена, ќе отпатува за Атина на уште една средба со својот грчки колега. Димитров, инаку, изрази „претпазлив оптимизам“ по средбите со Коѕијас во Скопје.

На досегашните средби е јасно дека грчката страна бара измени во македонскиот Устав, името да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, но бара и договорот да е со непреведено име, додека „црвената линија“ за македонската страна е идентитетот.

Димитров-Коѕијас

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на 30 март ќе знаеме во кој правец се движиме во однос на прашањето за името.

– Фокусот е на 30 март кога очекувам суштина во самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигнуваат текстовите тие се обично форма или рамка. Не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина во преговарачкиот процес. Очекувам дека ќе се направи следен чекор којшто ќе биде прифатлив за двете страни, рече Заев.

Во меѓувреме, високи извори од грчкото МНР за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае.

– На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци“, напиша „Катимерини“.

Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис, вчера за грчкото радио „Realfm“ изјави дека за одредени прашања има приближувања, за други се уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја.

– Постојат точки во кои постои многу добро доближување и точки за кои сѐ уште се разговара и се во преговори. Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно, вели заменикот на Коѕијас.

Димитрис Ѕанакопулос

Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Рече дека разговорите во Скопје биле во многу добра клима, но сепак, сѐ уште има долг пат да се помине и потребна е доста работа за постигнување договор. Тој смета дека постојат политички предуслови за решение, но останува да се најдат и техничките предуслови.

Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, пак, вели дека „како што преговорите се доближуваат до јадрото на проблемот, се појавуваат пречки и ќорсокак“. Според него, поверојатно е да има комликации, отколку решение. Вели дека прво треба да се види комплетниот предлог за решение, за НД да одлучи дали ќе поддржи евентуално решение во грчкиот Парламент.

Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада.


Извор: МИА

Tags: ВиенаГрцијаДимитровимеКоѕиасМакедонијаНимицПреговори
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ