Претседателството на Демократската унија за интеграција го оддржа третото продолжение на состанокот на претседателството на партијата, започнато на 16 март 2018, каде што, според официјалните информации од партијата, беше разговарано за спроведувањето на програмата од страна на централната извршна власт како и околу политичките актуелности.
На состанокот, Ахмети го запозна раководството на партијата околу разговорите со коалицискиот партнер во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство како и спорот со името, а истовремено зборуваше и за законот за употреба на јазиците.
Членовите на претседателството на ДУИ детално го разгледаа текот на имплементацијата на програмата и го затворија делот на известување од страна на министрите, заменици министри и државни секретари пред партиското раководство.
Состанокот на претседателството ќе продолжи наредниот петок, на 13ти април, со почеток од 14:00 часот во седиштето на партијата во Тетово каде ќе започне широка дискусија околу градењето на страгијата на ДУИ за наредните две децении.