• Latest

ФДМ: Загриженост поради политичката инструментализација на Законот за јазиците

April 2, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ФДМ: Загриженост поради политичката инструментализација на Законот за јазиците

April 2, 2018 10:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Конструктивните дискусии за содржината и легалитетот на Законот за јазиците, сè повеќе паѓаат во сенка на ксенофобичниот дискурс, пишува во соопштението на Форумот за демократска Македонија

„Форумот за демократска Македонијa, заедница на иселеници од Македонија, го поздравува секој чекор што оди во насока на унапредување на правата на помалите етнички заедници во Република Македонија.

Оттука, го поздравуваме и донесувањето на Законот за јазиците, како продолжение на макотрпниот процес на градење инклузивно општество. Сепак, Форумот изразува загриженост околу политичката инструментализација на овој Закон од страна на целокупната политичка елита во државата. Загрижува и недореченоста на делови од законот, кои оставаат широк простор за различни интерпретации, што е чест случај и со многу други закони на Република Македонија.

На крајот, Форумот изразува длабока разочараност од нивото на јавниот дискурс околу Законот за јазиците. Со жалење забележуваме дека конструктивните дискусии за содржината и легалитетот на Законот сè повеќе паѓаат во сенка на ксенофобичниот дискурс. Како организација која е горда на своето шаренолико членство, Форумот најостро се спротивставува на ваквата ксенофобична реторика. Форумот ја користи оваа пригода повторно да апелира за нужноста од забрзано спроведување на реформските приоритети на Република Македонија“, се вели во соопштението на ФДМ.

К. С.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #ПоинакваДијаспора#ФДМиселенициреакција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result