• Latest

Да се сопре спиралата од расипништво и корупција!

April 3, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Да се сопре спиралата од расипништво и корупција!

April 3, 2018 10:00
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ќе земете црвјосана цреша и се обидувате да го отстраните црвот и скапаниот дел од црешата, многу е веројатно дека ќе ви остане само дршката. Така е и кога ќе наследите криминален систем и се обидувате да го реформирате „постапно“, во „фази“, да навлегувате во него, да ги ловите скапаните делови и да се обидувате да ги замените со здраво ткиво, ќе станете исто како црвите кои претходно го разјадувале, само ќе продолжите да го разјадувате системот. Можеби некаде и ќе направите некоја промена, дел од системот ќе заздрави, ако инплантите „се фатат“ на здравото ткиво. Ако не, на здравје „реформите“.

Пишува: Џабир Дерала

Скандалот со книгата „Млади поети“ покажува многу повеќе од неодговорност на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт. Еден искусен издавач, важен за културното богатство на земјава, ми кажа дека прв пат слуша за ваквиот „проект“ на Агенцијата, а тој да ти траел неколку години наназад. На некој начин, одговорноста за овој мизерен анти-културен инцидент е споделена со претходниот раководен кадар. Или можеби новата, реформска опција (со и без наводници, кој како милува) е одговорна и за тоа што не ја разобличи досегашната пракса, не ја прекина и не воведе нова, според интересите на младите и на слободното општество „за сите“?

Прашањата кои сега мора да се одговорат се однесуваат на целиот проект за „значајното“ издаваштво за млади. Кој го смисли? Колку и кои луѓе го спроведувале? Колку пари потрошиле за овие „легендарни“ издавачки проекти? Што содржеле тие? Колку „големи поети“ имаме како оној ресенчанецот, кои се пријавувале под туѓи имиња, за да задоволат критериум возраст и ништо повеќе од тоа? Дали само партиски поети и поетчиња добивале награди?

По тие одговори, новиот директор треба да даде одговор зошто се одлучил да ја продолжи „вемеровската“ пракса. Па да одговори и дали фантастичниот тираж од 5.000 примероци е вообичаен, по инерција одобрен од новиот директор (зошто по ѓаволите?!). Каде се дистрибуирал тој апсурден отпад, во кој контекст и со која цел? Колку пари чинеле печатењето и дистрибуцијата? Јавноста очекува точно да се опишат процедурите за одобрување проекти, комисии, тендери, повици – накратко – сите критериуми за спроведување на целата постапка, до детали.

Тоа што треба да се случи сега е да се дадат одговори на сите поставени и непоставени прашања за практиките на (сѐ уште) вемеровското агенцииче, кое очигледно има многу пари, штом може да печати книги во тираж десет и повеќе пати поголем од, да речеме, изданијата на „Или-или“ со најреномирани македонски и светски имиња.

И – одговорните за злоупотребите и расипништвото – да ги вратат парите! Нема ништо поедноставно од тоа.

И, муабетот за овој „мал“ скандал се однесува на сите, ама баш на сите, и најмрачни ќошиња на системот. Да се сопре бескрајната спирала од злоупотреби, расипништво, криминал и корупција! Системот нема сам да се поправи само затоа што има нови луѓе на чело на институциите. Нека се и најчесни, ако дозволат да се пее старата песна, криминалот ќе се врати на голема врата, како што најавуваат некои политичари, со други зборови, се разбира.

Прашањето дали директорот знае што е уредник доаѓа на крај и ќе ни послужи за утрински шеги со второто или третото еспресо…

На крајот, следат „безначајните“ прашања. Дали Агенцијата, сега или во минатото, се сетила дека лекови кои се на позитивната листа, ги нема во аптеките веќе на истекот на работното време од првиот ден од месецот? Дека младите се очајни… Функционално неписмени. Чија младост е осакатена. Не ги интересира поезијата, макар и да е светска, туку сакаат да се иселат во странство и никогаш да не се вратат.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: Агенција за млади и спортзлоупотребииздаваштвоКорупцијакриминалрасипништвосистем
Share39TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ