• Latest

Изложба за актерите на МНТ од првата сезона, по повод 73 години постоење на театарот

April 3, 2018
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изложба за актерите на МНТ од првата сезона, по повод 73 години постоење на театарот

April 3, 2018 13:53
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Актерот е голем и во најмалата улога, и тогаш кога влегува во ликови кои не се први на листата на учесници – е пораката од фотографската изложба „Моќта на актерот“ која денеска беше отворена во фоајето на Македонскиот народен театар по повод неговиот 73-ти роденден. Изложбата прикажува 130 оригинални фотографии на триесет и двајца актери кои во МНТ работеле од првата сезона во 1945/46 година, па се до првата деценија на 21 век. 

Тоа се актерите: Вера Вучкова-Жежељ, Добрила Пуцкова, Добрила Чабриќ-Ивановска, Тома Киров, Кирил Ќортошев, Цветанка Јакимовска, Ратко Гавриловиќ, Драга Арсенска-Велможин, Драги Крстевски, Стојка Цекова, Борис Стефановски, Драги Костовски, Пантелеј Мирковски, Таше Кочовски, Кирил Попов, Вукан Диневски, Чедо Камџијаш, Вукосава Донева, Катерина Крстева, Веска Вртева, Чедо Христов, Анче Џамбазова, Димитар Костов, Кирил Андоновски, Душко Костовски, Владимир Светиев, Александар Џуровски, Кирил Псалтиров, Мирче Доневски, Кирил Коруновски, Александар Шехтански и Гоце Влахов.

Во присуство на сегашни и поранешни вработени во МНТ, кустосот на изложбата Ивана Јарчевска ја отвори изложбата истакнувајќи дека таа е посветена на актерите кои ги имало во разни претстави, актери кои,  како што рече, толкуваат големи и помалку големи ликови.

– Посветена им е на оние актери на кои најбројни им се т.н. епизодни ликови, без кои не може речиси ниту една претстава. Оние кои се паметат по вештината со која го создале секој лик, му го дале најдоброто од себе, секогаш сигурни во она што го вградиле при неговото оживување на сцената. Многу посветено и дисциплинирано го направиле свој, му ја дале својата душа. Низ фотографиите ја гледаме страста на овие актери со која го создале ликот во контекстот на претставата. Многу често тие се и клучната врска за откривање на аспектите и на она што е потскриено, а се случува на сцената. Нивната моќ за трансформација во т.н. помал лик буквално ја доловува суштината, рече Јарчевска на отворањето на изложбата која ќе биде поставена до 30 април.

Македонскиот народен театар почнал да работи на 3 април 1945 кога драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во превод на Блаже Конески и во режија на Димитар Ќостаров. Историјата на МНТ почнала со првата реченица во оваа претстава: „Сонцето, колку е блиску Сонцето“, изговорена од актерката Вера Вучкова.

Седумдесет и третиот роденден МНТ ќе го одбележува во текот на април со повеќе активности под заедничко мото: „Моќта на театарот“.


извор: МИА
Tags: актериБлаже КонескиДимитар ЌостаровМНТроденденСКОПЈЕ
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ