• Latest

Ресенчани против аерозагадувањето од туланата „Нова слога“

April 7, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ресенчани против аерозагадувањето од туланата „Нова слога“

April 7, 2018 17:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива “Стоп за труењето од кокс од „Нова Слога“ од Ресен и Здружението за заштита на животната средина ЕКО Герила, Преспа на 5 април во големата сала на Општина Ресен одржаа  граѓанска дебата  “Нова Слога – Стар проблем“ каде разговараа за користењето на петрол кокс од фирмата  „Нова Слога“, Ресен.

На дебатата учествуваа градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, секретарот на Општина Ресен, Јоне Димовски, Ајман Алмала, раководител на Сектор за животна средина и Андријана Георгиевска- Зебековска, инспектор за животна средина. Дебатата ја проследија и активно учествуваа голем број на ресенчани загрижени за нивното здравје и здравјето на нивните деца.

Користењето на петрол кокс од фирмата  „Нова Слога“ Ресен, ископување на земјиште и негова експлоатација за производство на тули и зголемениот безбедносен ризик за месното население што живее во близина на фабриката беа темите за кои се дебатираше.

Ресенчани се жалеа дека поради загадениот воздух чувствуваат главоболка, а од силната миризба што доаѓа од фабриката не можат да излезат надвор. Тие се пожалија дека и за децата не е безбедно да излегуваат надвор поради честата фреквенција на товарните возила што одат кон фабриката. Истовремено товарните возила го уништиле и локалниот пат, па меѓу другото месното население бара фабриката да си најде алтернативен пат, за да не поминуваат нивните возила низ населбата.

„Имаме проблеми со инфраструктура, целосно е уништен патот кон селата Болно и Евла, каде со голема брзина и претоварени се движат камионите на „Нова слога““, изјави Зоран Богдановски  од Ресен.

Здружението „Еко Герила Преспа“ и неформалната граѓанска иницијатива „Стоп за труењето побараа надлежните да извршат ревизија на еколошката дозвола што фабриката ја добила пред 5 години. Велат се поголем е бројот на ресенчани со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, што според нив се должи на аерозагадувањето.

Ресенчани загрижени за своето здравје и здравјето на нивните деца

Најмногу прашања граѓаните присутни на трибината имаа за општинскиот инспектор за животна средина, Андријана Георгиевска-Зебековска. Таа објасни дека има ограничени овластувања, а досега презела сѐ што е во нејзина надлежност – постапувала по пријавите на граѓаните, повеќепати се извршени мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, кои секогаш биле во дозволените граници.

„Се чувствувам како да сум на обвинителна клупа, затоа што ги нема одговорните од Министерство за животна средина кои ја издале дозволата, па да кажат зошто не ставиле ставка дека треба на оџаците да се постават филтри. Така стручно ќе се објасни дека сѐ додека нема надминување на граничните вредности на одредени параметри, нема потреба од поставување на филтри… Во прилог оди само да се стави забрана за употребата на петрол коксот“, рече Георгиевска-Зебековска

Дебата “Нова Слога – Стар проблем“, 5 април 2018, Ресен

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски рече дека е задоволен што конечно во Ресен има друга клима и отворено, без страв граѓаните зборуваат за проблемите, кои заеднички ќе се решаваат.

„Најавив транспарентно и одговорно работење заедно со граѓаните, а оваа трибина е доказ за тоа. Охрабрен сум што сите заедно чекор по чекор ќе ги решаваме сите проблеми. Кога станува збор за животната средина и човековото здравје, сакам да посочам дека тоа ќе ми биде најголем приоритет“, изјави градоначалникот Гошаревски.

Сопственикот на туланата „Нова слога“, Васе Митев, вели дека целосно ги почитува законите и дека ги има сите потребни дозволи за работа.

„Туланата користи пропан бутан, мазут и само 20 проценти употребува петрол кокс, кој е дозволен во Република Македонија. Се користи во сите тулани и во други капацитети и тоа во многу поголеми количини. Доколку петрол коксот се забрани за употреба ние ќе го почитуваме тоа. Имаме А интегрирана еколошка дозвола, постојано се вршат мерења на аерозагадувањето, секогаш сите мерења се во ред, иако тоа е дополнителен трошок за нас, но ги исполнуваме сите законски обврски. Не знам кому оди во прилог туланата да не работи“, изјави Митев кој вели дека не добиле покана за трибината на која тема била токму фабриката „Нова слога“ со што немале можност да одговорат на обвинувањата.

Организаторите од Еко Герила Преспа, пак, велат дека не само што испратиле покана до компанијата, туку добиле и повратен одговор во кој тие го откажале учеството на трибината.

Спорниот петрол кокс е нафтен дериват и е класифициран како „отпад“.

„Петрол коксот е голем загадувач на животната средина и затоа ние како здружение бараме од Министерството за животна средина да излезе на терен и да се преиспита веродостојноста на А интегрираната дозвола на субјектот. Исто така бараме да се постави мерна станица за мерење на квалитетот на амбинеталниот воздух што би била единствен показател што ние дишеме“, рече Марија Ефтимовска, од Еко Герила Преспа.

На трибината се постигна согласност за формирање на работна група, составена од членови од надлежните органи и претставници на здружението ЕКО Герила Преспа, и иницијативата, која што ќе изготви правно и институционално издржани барања и истите ќе ги адресира до надлежните регионални и централни органи.

Зизо Љамковски

Tags: аерозагадувањедебатаНова слогапетрол коксресен
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ