Германија вети една милијарда евра помош за Сирија и сириските бегалци во соседните држави.
Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас ја вети помошта при пристигнувањето на донаторската конференција за Сирија и поширокиот регион вчера во Брисел, организирана од ОН и ЕУ.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе даде дополнителни 300 милиони евра во втората половина од годината.
Германија од 2012 година има донирано 4,5 милијарди евра помош за Сирија.
Извор: МИА