• Latest

Со работна вечера, Димитров и Коѕијас ги завршија разговорите во Виена

April 26, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со работна вечера, Димитров и Коѕијас ги завршија разговорите во Виена

April 26, 2018 09:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Работна вечера имаа синоќа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Виена, по заедничката средба со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Со вечерата, шефовите на двете дипломатии ги завршија вчерашните разговори во австриската престолнина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми, коментираат дека средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц, била корисна и позитивна, но не донела конкретен напредок во „спорните прашања“.

– Иако климата е многу позитивна, јасно е дека за да постои деблокада на актуелната ситуација, власта во ПЈРМ ќе треба да донесат сериозни одлуки за спорните прашања кои во фокусот го имаат ерга омнес. Се чини дека за раководството во соседната земја, употребата на новото име во внатрешноста е особено тешка работа, како и ревизијата на Уставот. Сепак, постои напредок во поединечни прашања што се однесуваат на конкретната тема, пишува „Катимерини“.

Катимерини име

Според грчки дипломатски извори, средбата со Нимиц, што траеше околу ќетири часа беше уште една средба, корисна како и останатите, во рамките на процесот. Процесот, споменуваат изворите, ќе продолжи во следните седмици, објавува атинското радио „Атина 984“ и додава дека во суштина за време на вчерашните разговори не бил направен напредок, „бидејќи двете страни се чини дека останаа на нивните познати позиции“.

Официјална Атина, судејќи според вчерашната изјава на портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, очекува од Македонија да направи отстапки, а останува на ставот дека новото име треба да биде ерга омнес и за внатрешна употреба. На редовниот брифинг со новинарите и странските дописници, Ѕанакопулос во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата во Виени, рече дека во рамките на преговорите, „грчката страна ги има направено нејзините отстапки, има стигнато до средината на мостот и во овој момент, време и за поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за да стигнеме до заемно прифатен договор“.

Двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, како што веќе објави МИА, ќе се сретнат веќе следната седмица на 3 и 4 мај, во рамките на квадрилатералната средба во Солун, а седум дена подоцна и на конференцијата во Сунио, на 11 и 12 мај.

Прашањето за името и текот на преговорите, се очекува денеска да се најде на агендата разговори во Брисел и Атина. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во седиштетот на НАТО ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, додека пак грчкиот премиер ќе го прими претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. И на двете средби, меѓу другите теми, веројатно е дека ќе бидат и македонско – грчките односи.


Извор: МИА

Tags: ВиенаиметоМетју НимицНикола ДимитровНикос Коѕиасразговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ