• Latest

Тевдовски: Со грант од ЕБОР ќе се поддржи изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

May 9, 2018

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Со грант од ЕБОР ќе се поддржи изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

May 9, 2018 08:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија, се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, што се одржуваат во Јордан.

ЕБОР е заинтересирана за финансирање на овие проекти и има можност за доделување грант средства за изведување на дел од градежните работи за автопатот Гостивар-Кичево, за што стана збор на средбите. Грантот би се однесувал за дел од изградбата на првата делница од автопатот, односно делницата Букојчани – Кичево во должина од 12 километри. Се очекуваат и грант средства и за реконструкција на патот Крива Паланка-Деве Баир.

– За автопатот Скопје – Блаце веќе добивме грант од ЕБОР за комплетирање на проектната задача, која треба да биде готова за помалку од три месеци, истакна Тевдовски.

Како што посочи, најголем дел од соработката на Македонија со ЕБОР е во транспортниот сектор. Во делот од железничката инфраструктура на средбите се зборуваше за реконструкција на пругата Скопје – Кичево.

– Од железничката инфраструктура, важен е Коридорот 8 – пред се како идни проекти Скопје – Кичево. Битен е и проектот за електронски системи долж Коридорот 10 и проектот за изградба гранична станица на железничкиот Коридор 10, помеѓу Република Македонија и Република Србија, рече Тевдовски.

Тој истакна и дека Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се зборува за крупни капитални проекти, бидејќи на нив присуствуваат клучни луѓе на финансискиот сектор.

– ЕБОР е сериозен партнер на Македонија. Нивното тековно портфолио на проекти изнесува 707 милиони евра. Најголем дел од проектите се од транспортниот сектор, во патната инфраструктура, каде ЕБОР учествуваше во финансиската конструкција на патот Демир Капија-Смоквица, на експресниот пат Штип-Радовиш, ремонтот на пругата на Коридорот 10 и рехабилитација на железничката пруга на Коридор 8, рече Тевдовски.

Покрај билатералните средби со високи претставници на ЕБОР, министерот Тевдовски ќе учествува и на Тркалезната маса на Бордот на гувернери и на панелот „Зелена инфраструктура“. (МИА)

Tags: ЕБОРжелезничка структураТевдовскифинансиска конструкција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ