• Latest

Преодното решение за избор на членови на ДИК во собраниска процедура

May 15, 2018
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преодното решение за избор на членови на ДИК во собраниска процедура

May 15, 2018 11:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На пленарната седница закажана за 21 мај се очекува на дневен ред да се најдат измените на Изборниот законик кои влегоа во собраниска процедура и кои ќе се носат по скратена постапка. Овие измени се усогласени од пратениците од владејачкато мнозинство и опозицијата,  а како нивни предлагачи се координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, на ДУИ Ејуп Алими и Африм Гаши од БЕСА, јави МИА.

Со овие измени се уредува изборот и составот на Државната изборна комисија (ДИК), престанок на функцијата во ДИК пред истекот на мандатот и рокот за предлагање на претседател, потпретседател и членови на ДИК.

Парламентарните политички партии, претходно, постигнаа согласност за ова решение кое ќе биде преодно до следните измени на Изборниот законик што би се очекувале наесен.

Во однос на составот на ДИК се предлага таа да биде составена од претседател, потпретседател и пет члена.

Претседателот и потпретседателот на Комисијата се предлага да се избираат од членовите на ДИК кои функцијата ќе ја вршат професионално.

Според овие измени, се предвидува членовите на ДИК да се изберат во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон за време од шест месеци.

Освен претседателот и потпретседателот на ДИК, се предвидува седница да може да се одржи на предлог на член на комисијата ако предлогот е поддржан од мнозинството од вкупниот број членови на ДИК.

Со измените на Изборниот законик се менува и членот 27 односно условите за избор на претседател,  потпретседател и членови на ДИК.

Според предлогот, лицето кое ќе биде избрано за член на Комисијата треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да има завршено високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.

Собранието треба да го огласи изборот на претседател, потпретседател и членови на ДИК во Службен весник и во дневниот печат. Огласот трае осум дена од денот на објавување во Службен весник.

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа. Во измените се предвидува од кандидатите на предлогот на листата,  политичките партии во опозиција да предложат претседател и двајца членови на ДИК, а партиите на власт да предложат потпретседател и тројца членови.

Претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Се предвидува исто така на избраните претседател, потпретседател и членови на Комисијата од денот на изборот работниот однос да им мирува.

Функцијата на избраните членови на ДИК пред истекот на мандатот може да им престане, по сила на закон, на нивно лично барање, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, поради исполнување услови на старосна пензија утврдени со закон, поради смрт,  и ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор над шест месеци.

Се предвидува ДИК со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови да може да даде предлог до Комисијата за прашање на изборите и именувањата на Собранието за разрешување на нејзин член поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Претседателот на Собранието ги известува партиите што освоиле најмногу гласови на последните избори во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на законот.

ДИК сега има само еден член, и тоа Ермира Асани – Салија на предлог на Беса, по оставките на друготе членови на Комисијата по сканалот со високите хонорари.

Со измените на Изборниот законик се предводува на Асани Салија да и престане мандатот со нивното стапување во сила, додека генералниот секретар на ДИК ќе ја извршува функцијата до изборот на нов.

(МИА)

Tags: ДИКизмени на изборен закониксобраниска процедура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ