• Latest

Посериозен и поодговорен однос спрема Министерството за култура

May 17, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Посериозен и поодговорен однос спрема Министерството за култура

May 17, 2018 10:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Aсоцијацијаta на независната културна сцена „Јадро“, реагира на одлуката на Владата за смеена на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, со министер од редовите на Беса.

„Ваквото однесување на Владата на РМ за нас претставува ништо помалку од јасен показател дека оваа Влада не само што не ја научила лекцијата од 11 годишното авторитарно владеење и девастација на целокупниот општествен и културен систем на вредности и институции во Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку и дека продолжува да ја третира културата како маргинална и неважна дејност вредна единствено за меѓупартиски преговори, коцкања и лицитирања со гласови“, стои во реакцијата на „Јадро“.

Поставувајќи го прашањето како Владата ќе ги реши деценските култруни проблеми, со ваквите одлуки, потсетуваат дека во изготвување на новата Стратегија за култура на Република Македонија учествуваа сите засегнати културни актери во државата, меѓу другото и од граѓанските активисти и независниот културен сектор, кои истовремено и дадоа поддршка на новата Влада на изборите.

Според Асоцијацијата, Влада со овој потег „го „продава“ ова клучно министерство како да станува збор за улична бизнис зделка, на партија чијашто идеолошка позиција, реторика и ставови во изборниот период се косат целосно со вредностите зад кои стоевме сите заедно, а кои се отелотворени во новата Национална стратегија за културен развој“

„Конечно, изразуваме ужаснатост и загриженост над целосната нетранспарентност при носењето на ваква одлука, при што шпекулациите во медиумите, неорганизираните изјави и фејсбук расправи беа платформата за јавна дебата и информирање… Бараме итно повлекување на оваа одлука на Владата… Бараме трајно сериозен и одговорен однос спрема Министерствтот за култура“, стои во нивното соопштение.

Инаку, „Јадро“ е асоцијација на независната културна сцена која брои педесетина членки, организации, неформални групи и поединци, културни работници, уметници и граѓански активисти.

Б.Ј. 

 

Tags: барањевладаЈадроМинистерство за културареакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ