• Latest

Дангов: Аудио снимките се незаконски

May 21, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дангов: Аудио снимките се незаконски

May 21, 2018 14:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски денеска побара и адвокатот Димитар Дангов во воведното обраќање пред судот во предметот  на СЈО „Титаник“. На претходното рочиште обинителката Лиле Стефанова во воведот побара да се конфискува имот на обвинетите Груевски и Протуѓер во вредност од над 550 илјади евра.

Дангов денеска побара ослободителна пресуда и за уште тројца обвинети и рече дека ќе докажат дека обвинетите не сториле ниту едно кривично дело за кое се обвинети.

– Ќе докажеме дека не постоел извор на финансирање и дека не постоеле незаконски средства за финансирање на кампања, рече адвокатот Дангов и додаде дека во периодот од 2011 до мај 2014 година никој од обвинетите не сториле кривични дејствија.

Според него, ќе се докаже и дека обвинетиот Едмонд Темелко не го сторил делото, нагласувајќи дека тоа и СЈО го докажува со тоа што посочуваат дека делото го извршил сведок и други непознати лица, а не градоначалникот на Пустец и претседател на политичка партија на Македонците во Албанија.

Дангов во воведниот говор ги спомна и аудио снимките по кои е покренато обвинението. Според него материјалите произлезени од незаконското следење на комуникациите се незаконити.

-Иако СЈО ги добило законски, СДСМ материјалите ги предал во 2015 година кога е во важност Законот за заштита на податоци, реча тој и побара судот да не ги прифати аудио снимките бидејќи се незаконски и се повредени правата за заштита на лични податоци.

Претходно воведни зборови даде адвокатот Дончо Наков кој рече дека некои од членовите на „злосторничкото здружување“, биле само неколку часа членови на таа група, па според него, тоа е невозможно во тој краток временски период да извршиле некакво кривично дело.

Во „Титаник“ обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.(МИА)

Tags: Димитар ДанговНикола ГруевскиСЈОсудењеТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ