• Latest

„Синедејс“ стана членка на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти

May 25, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Синедејс“ стана членка на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти

May 25, 2018 14:08
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ успеа да се акредитира во Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF) и да се здобие со големото признание „Competitive film festival specialized in European first and second feature films”.

Ова го соопштија од Град Скопје, кој традиционално дава финансиска поддршка на овој фестивал, чиј организатор е Младинскиот културен центар.

Одлуката за зачленување на „Синедејс“ во специјалната селекција од 47 акредитирани фестивали во светот е донесена со едногласна одлука за време на Генералното собрание на Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуденти на 18. февруари.

– „Синедејс“ со оваа одлука е рамо до рамо, со 47 фестивали од светот, вклучувајќи ги Кан, Берлин, Сан Себастијан, Торонто и Венеција, кои се исто така, акредитирани преку оваа програма, која гарантира висок квалитет дефиниран во оваа важна меѓународна федерација, наведуваат од Град Скопје.

FIAPF претставува единствена федерација на филмски и на телевизиски продуценти со глобално значење, вбројувајќи 38 продукциски куќи од 31 земја во светот, застапувајќи заеднички економски, правни и регулаторни интереси на филмската и на телевизиска индустрија од сите пет континенти во кои е застапена.

„Синедејс“ е единствениот фестивал на европски филм во Македонија, основан во 2001 година на иницијатива на шпанскиот режисер Педро Алмодовар и Вивиен Рединг, поранешен комисар за Едукација, млади, медиуми, спорт и култура на Европската комисија како „недела за славење на европската кинематографија“ во сите европски метрополи.

Во текот на своите 17 години постоење, „Синедејс“ прерасна од ревија во вистински филмски фестивал, кој ги почитува стандардите за квалитет дефинирани од светската филмска индустрија, со силна и атрактивна програма и за домашната и за меѓународната филмска публика.

Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуденти во својата одлука, посочуваат од Град Скопје, ја истакнува и важната и несебична работа на организаторите на фестивалот, а истовремено ја укажува и својата верба дека фестивалот има одлична подлога за понатамошен развој важен за градот Скопје, за Македонија, но и за Источноевропската филмска индустрија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Синедејс“Град Скопјефилмски фестивал
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result