• Latest

Преку дијалог и соработка до безбедна иднина на државата

June 4, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преку дијалог и соработка до безбедна иднина на државата

June 4, 2018 16:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На тематскиот форум „Една година Влада – осврт на граѓанските организации“ во организација на Цивика Мобилитас, на 31 мај 2018, повеќе од 100 претставници на граѓанските организации имаа можност да упатат прашања до премиерот Зоран Заев и министерот Дамјан Манчевски поврзани со работата на Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и админстрација.

На почетокот Заменик амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефан Томаџан истакна дека овој настан е одлична можност во директна комуникација на граѓанското општество со претставниците на власта да се оствари дијалог кој ќе придонесе во решавање на општествените промени.

„Сакам да нагласам дека навистина ни е драго колку актуелната влада вложува напори да го приближи граѓанското општество и нивните мислења во креирањето на политиките на Владата и на одредени министерства, а тоа е важен чекор во демократизација на државата преку граѓанското учество. Ова е едно од клучните придобивки на швајцарската демократија и систем што сакаме да го пренесеме овде, не поради идеолошки причини туку поради политичка стабилност и економски просперитет“, изјави Томаџан.

Во воведното обраќање премиерот Зоран Заев ги поздрави сите присутни претставници на граѓанскиот сектор,  на Македонскиот центар за меѓународна соработка, како и претставниците на Цивика мобилитас, на Швајцарската агенција за развој и соработка и на Шведскиот институт за јавна администрација.

„Вашето теренско (грас-рут) искуство, долгогодишната работа, анализите за клучни состојби во државата и од директен интерес за граѓаните на Република Македонија, помогнаа кога го создадовме реформскиот План 3-6-9. А, еве и овде ќе се обврзам, иако соработката со голем дел од вас e интензивна, дека граѓанскиот сектор останува активен дел и од практикувањето на политиките на Владата, и од носењето промени на сите нивоа. Постигната е свест дека невладиниот сектор и граѓанските организации се една од најважните алки меѓу граѓаните и системот. Зошто? Затоа што ни се неопходни сите можни, и надворешни, и внатрешни механизми, со коишто промените се можни“, изјави Заев.

Потенцирајќи дека фокусот мора да биде насочен пред сè кон граѓанските интереси, Заев потсети на придонесот на проектот на МЦМС „Граѓаните за промени“ во одбраната на демократските и еврошските вредности.

„Потребно ми е и мене како премиер и на Владата, да продолжиме со активната, двонасочна отвореност и соработка и да дадете поддршка како граѓанско општество за економски развој и просперитет на Република Македонија. Вашата проактивност во нудење на решенија е клучна“, рече Заев.

Премиерот одговараше на прашањата за финансирањето на граѓанските организации, за борбата против корупцијата, еколошките прашања, правата на Ромите и улогата на граѓанското општество во политичките процеси што се во тек, но зборуваше и за сите оние што како граѓански претставници влегоа во составот на Владата и за нивните заслуги во општествените промени.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

.

 

Tags: граѓанско општестводијалогЗоран ЗаевпроменисоработкаСтефан Томаџантематски форумЦивика Мобилитас
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ