• Latest

Повеќе точки за работата на ТИРЗ на денешната владина седница

June 5, 2018

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повеќе точки за работата на ТИРЗ на денешната владина седница

June 5, 2018 10:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 71. седница треба да разгледа неколку точки кои се однесуваат на Технолошките индустриски развојни зони што се однесуваат на измени на Статутот на Дирекцијата за ТИРЗ, за давање под закуп на земјите во зоните, висината на закупнините, како и за давање државна помош на одредени компании.

Како што соопшти владината прес-служба, министрите ќе ја разгледаат Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со Предлог – Одлука за давање согласност на статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Владата ќе одлучува по предлог-договорот за доделување на државна помош на Друштво за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, и за предлог-одлуката за давање согласност на договорот за доделување на државна помош на оваа компанија.

На денешната седница ќе бидат разгледани и донесени соодветни одлуки и за нацрт-одлуките за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, како и нацрт–договорите за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија, и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз – извоз Скопје, и со Друштвото за производство, трговија и услуги Зенит интернационал продуктс ДООЕЛ Скопје како закупци на земјиште.

Министрите во Владата на РМ, на оваа седница ќе се произнесат и по нацрт-одлуката за изменување на одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, за нацрт–Анекс Договорот бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен помеѓу Република Македонија – Влада на РМ како основач на ТИРЗ Скопје 1 со Друштвото за производство на лекови САГЕН ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, како и за нацрт–одлука за давање на согласност на Анекс Договорот бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште склучен со оваа компанија.

На денешната седница ќе биде разгледана и предлог-одлуката за давање на согласност на договорот за закуп во ТИРЗ Тетово и Предлог-Одлука за давање на согласност за вршење на дејност во ТИРЗ Тетово, помеѓу Друштвото за инвестиции НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП АД Тетово и ГЛАС ФЛЕКС ДООЕЛ Скопје.

Министрите на денешната седница ќе се произнесат и за предлог-одлуката за прогласување на Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, на предлог на Управа за заштита на културното наследство.

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната седница ќе ја разгледа и информацијата за активностите за изработка на среднорочна Стратегија за општествена одговорност на Република Македонија, како и предлог-решението за назначување на Претседавач и членови на Национално координативно тело за имплементација на конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија.

(МИА)

Tags: владаседницаСТАТУС НА ДИРЕКЦИЈАТИРЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ