• Latest

Царовска се обрати на 107. Конференција на МОТ во Женева

June 6, 2018

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска се обрати на 107. Конференција на МОТ во Женева

June 6, 2018 17:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, учествува на 107. конференција на Меѓународната организација на трудот, која се оддржува во Женева, на тема „Градење на иднина со пристојна работа”.

Учесници на настанот се околу 4.000 делегати од целиот свет кои разговараат за приоритетите и потребите во областа на трудот.

– Владата на Република Македонија е целосно посветена на напредувањето на заштитата на работниците и нивните права. Реализирајќи го овој приоритет, во текот на изминатата година беа донесени повеќе законски решенија што направија исчекор во оваа област, како што се измените во Законот за работните односи и во Законот за минимална плата. Со ова се унапредија условите за заштита на младите и на работниците во случај на престанок на работниот однос од деловни причини и се зголеми минималната плата, која е сега еднаква за сите сектори, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Царовска предводи трипартитна делегација, со претставници на Владата и репрезентативните синдикати ССМ, КСС и организацијата на работодавачи ОРМ.

За време на работната посета Царовска одржа состанок со федералниот директор на МОТ Гај Рајдер. Исто така, оствари билатерални средби со холандскиот министер за социјални работи и вработување и хрватскиот министер за труд и пензиски систем, како и со Петер Погачар, државниот секретар на Министерството за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Словенија. На средбите се разговараше за видовите договори за работа и мерки за унапредување на условите во областа на трудот. (МИА)

Tags: ЖеневаконференцијаМила ЦаровскаМОТработнички права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ