„Лажните вести се издигнаа и добија на обем со претходната власт. Лажни вести ги имало од секогаш но никогаш толку многу како што ги имаше на почетокот на оваа деценија кога се соочивме со недемократскиот идентитет на претходната власт. Овие лажни вести кои се појавија во периодот, дека на протестите имаше судири со полицијата беа сузбиени релативно брзо. Причината за тоа е што за разлика од порано, лажните вести веќе не доминираат во јавниот дискурс“, вели Владимир Петревски од Македонски сервис за проверка на факти во медиумите.
„Порано кога ќе се појавеше лажна вест таа стигнуваше до најголемите национални телевизии, на ударните вести, меѓутоа веќе тоа не се случува. Кога лажните вести се објавуваат на одредени портали или на социлајните мрежи, многу полесно е да ги сузбиете, иако ќе има луѓе што ќе ги видат и прочитаат меѓутоа нивното влијание е многу помало“, истакна Петревски.
Тој додава дека според истражувањата на Метаморфозис во 2016/17 година голем број граѓани не им веруваат на медиумите, додека дури 70 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во една национална телевизија.
„Има два начина да се спречи ширењето на лажни вести. На долгорочен начин е само со медиумска писменост на граѓаните, а во овој момент само со демаскирање на лажните вести. Потребно е секојдневно да се објавуваат текстови со разоткривање на лажни вести, како што тоа го правиме во Сервис за проверка на факти во медиумите“, додава тој.
Ангела Петровска
Камера и обработка на текст: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска
Фотографија: Ванчо Џамбаски