• Latest

Иванов ја блокира Македонија

June 26, 2018

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов ја блокира Македонија

June 26, 2018 15:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот.

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура од целиот свет денеска се одбележува како потреба од едукација и подигање на јавната свест за сериозноста од последиците, но и преземање акции за спречување тортурата и насилството. Со цел поттикнување на жртвите на тортура да не бидат безгласни туку храбри и одлучни во борбата за своите права, но и во барањето одговорност од институциите во преземање мерки во борбата против насилството и нехуманоста, пред повеќе од 30 години Амнести Интернешнл ја започна кампања #StopTorture. ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани истовремено да бидат будни, а не  неми сведоци на насилството и тортурата.

Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека било каков почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019, велат за МИА дипломатски извори во Советот на ЕУ.

Од останатите настани на денот ја издвојуваме и презентацијата на Извештајот на Народниот правобранител за состобите во затворите, полициските станици и психијатриските болници. Управата за извршување на санкции и Управата на затворот Скопје итно да преземат мерки за почитување на достоинството и интегритетот на притворениците во затворот во Скопје, бидејќи Народниот правобранител при посетите утврдил дека претресите на притворените ги вршат во „дежурната“ просторија, каде што лицата се изложени на погледи и на други службени лица, а поради недостиг на женски кадар, во втора смена, надзорот врз притвореничките се врши од припадници на Секторот за обезбедување, од машки пол, што е спротивно на Мендела правилата.

Пратениците во Собранието денеска на 50. седница ги изгласа претседателот и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика. Опозицијата гласаше против предлозите, спорејќи ја незвисноста на кандидатите. 

За претседател е именуван Марко Бислимовски, а за членови Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Гуштрим Рамадани.  Регулаторната комисија за енергетика има уште тројца членови, кои беа претходно избрани.

Д. Муратов

Tags: блокадаЃоѓре ИвановМакедонија
Share127TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ