• Latest

Негативен прираст во пет региони во Македонија, лани родени над 21 илјада деца

June 27, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Негативен прираст во пет региони во Македонија, лани родени над 21 илјада деца

June 27, 2018 14:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Македонија во минатата година бројот на живородени деца изнесува 21.754 од кои 59 проценти или 12.841 се во градските подрачја, а 41 процент или 8.913 се во селските подрачја, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо учество, во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 35,6 отсто, а најмало Источниот регион со 6,7 отсто. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,6 години наспроти 28 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,1 годинa, наспроти 25,6 години во селските подрачја. Податоците покажуваат дека при првото раѓање за 2,5 години е помлада мајката од селските подрачја.

Статистичките податоци покажуваат дека бројот на умрени лица лани во земјава изнесувал 20.318 од кои во градските подрачја 12.426 лица или 61,2  отсто, додека во селските 7.892 умрени лица или 38,8 отсто.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,1 годинa,  наспроти 73,2 години во селските.

Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја изнесува 102, додека во селските подрачја изнесува 99 доенчиња.

Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 28,9 отсто наспроти 71,1 отсто од селските подрачја.

Негативен прираст има во пет региони и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 35,6 отсто имаат меѓуселските преселби.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46,2 отсто, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат сo 58,7 отсто.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во скопскиот регион, 1.208 лица, а најмало во Североисточниот регион. (MИА)

Tags: Државен завод за статистикаМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ