• Latest

29 јуни низ вековите

June 29, 2018

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 јуни низ вековите

June 29, 2018 07:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создал силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се „Песни“ и „Дијалози и есеи“. Умрел во Неапол, на 14 јуни 1837 година.

1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишувал песни, проза и сатира. Во сатирата остро ги критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“, „Суданија“ и други. Умрел во Белград, на 27 август 1916 година.

1880.- Франција го анектирала пацифичкиот остров Отахеит, сега познат како Тахити, француски протекторат од 1842 година. Сега е во составот на Француска Полинезија – француска прекуморска територија.

1886.- Роден е францускиот државник и финансиски стручњак Робер Шуман, творец на „Шумановиот план“ во 1950 година, врз основа на кој во 1952 година Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција ја основале Европската заедница за јаглен и челик, претходничка на сегашната Европска унија. Бил министер за финансии во 1946, а претседател на владата од 1947 до 1948 година, потоа шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 година и министер за правда од 1955 до 1956 година.

1900.- Роден е францускиот писател Антоан Мари Роже де Сент Егзипери, автор на „Малиот принц“, еден од најубавите детски романи во светската литература. Дела: „Пошта за Југ“, „Земја на луѓе“, „Воен пилот“.

1914.- Роден е чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик, кој веќе на 20-годишна возраст диригирал со Чешката филхармонија. Дела: две симфонии, концерт за виолина и оркестар, концерт за виолончело и оркестар, концертино за флаута и камерен оркестар, фантазија за виолина и оркестар, гудачки квартет, соната за виолина и клавир, операта „Вероника“, кантатата “Pro memoria patris”, соло песни.

1917.- Кралството Грција ги раскинало односите со Централните сили и застанало на страната на Антантата. На таа одлука и претходело истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрзало падот на прогерманската влада во Атина.

1939.- Извршен бил првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот „Диск Клипер“ долетал од САД на аеродромот во Лисабон, Португалија.

1941.- Умрел полскиот државник, пијанист и композитор Игнац Јан Падеревски, професор на Конзерваториумот во Варшава, кој од 1919 до 1921 година бил претседател на владата и шеф на дипломатијата, а во 1940 година и претседател на Полска. Дела: операта „Манра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни.

1945.- Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загинал Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден бил во селото Никифорово, Гостиварско, на 16 ноември 1923 година.

1967.- По победата во шестдневната војна со арапските држави, Израел го обединил поделениот Ерусалим, кој набрзо бил прогласен за престолнина на Израел.

1980.- Вигдис Финбогадотир била избрана за претседател на Исланд, станувајќи прва жена во Европа демократски избрана за шеф на држава.

1990.- Од Санкт Петербург (тогашен Ленинград) во Скопје донесени биле моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар…) и биле положени во црквата „Свети Спас“.

1995.- Умрела Лана Тарнер, прославена американска актерка, секс-симбол на Холивуд во четириесеттите години на 20. век. Родена била во 1919 година.

2000.- Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.

2000.- Умрел италијанскиот актер Виторио Гасман, еден од најдобрите италијански филмски и театарски актери по Втората светска војна. Филмови: „Срам“, „Горчлив ориз“, „Ана“, „Ако дозволувате да зборуваме за жените“, „Бранкалеоновата војска“ „Мирисот на жените“, „Животот е роман“.

2003.- Умрела американската филмска и театарска актерка Кетрин Херберн, добитник на четири Оскари. Филмови: „Погоди кој доаѓа на вечера“, „Зима на еден лав“, „Летниковец на Златното езеро“, „Африканска кралица“, „Лето“, „Марија Стјуарт“, „Долго патување во ноќта“.

2015.- На 88-годишна возраст умрел Шарл Паскуа, поранешен француски министер за внатрешни работи… За македонската јавност и за политичката афирмација на Република Македонија во Франција, Шарл Паскуа ќе остане запаметен со финансирањето на изложбата „Македонија во 1913 година“, кога тој бил претседател на департманскиот совет на Горна Сена. Роден бил на 18 април 1927 на Корзика. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 29 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ