• Latest

Неизвесен датумот на средбата Јункер-Трамп за царините

July 2, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неизвесен датумот на средбата Јункер-Трамп за царините

July 2, 2018 15:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер треба да се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп за да разговорара за американските царини за увоз на челик, алуминиум и европските автомобили од ЕУ, но ниту Брисел, ниту Вашингтон за сега не потврдуваат датум за средбата.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во меѓувреме, Европската комисија испрати писмо до американските власти во кои ги предупредува за „негативните ефекти“ на најавените заштитни мерки на американската Администрација врз европските автомобили.

Во писмото, кое е испратено како одговор на прашање од американското Министерство за трговија, се наведува дека внатрешните анализи на европските служби покажуваат оти дополнителната царини од 25 отсто на автомобилите и автомобилските делови би имале импакт од 12 до 13 милијарди долари врз бруто домашниот производ на САД.

Трамп овие мерки ги најави како одговор на европските мерки врз низа американски производи меѓу кои моторите на „Харли Дејвидсон“ и фармерките на „Левис“, кои се одговор на мерките врз челикот и алуминиумот.

Според документот на Европската комисија, 26 отсто од американското производство на автомобили доаѓа од европски фирми, меѓу нив е и „Крајслер“, американски автогигант кој премина во европски раце.

Писмото го потсетува Вашингтон и дека европските компании кои произведуваат во САД увезуваат делови од Европа, но и дека автомобилите во голем дел ги извезуваат во Европа и на други места.

– Околу 60 отсто од автомобилите произведени во САД од компании во сопстевност на фирми од ЕУ се извезуваат во трети земји, вклучително и Унијата. Штетни мерки кон овие компании ќе ја ослабат економијата на САД, стои во европското писмо до Вашингтон.

Брисел потсетува дека евентуални мерки против автомобилите ќе предизвикаат дополнителни контра-мерки, што би имало уште понегативен ефект врз БДП на САД.

Трговската „војна“ меѓу САД и ЕУ започна пред нешто повеќе од еден месец кога Вашингтон одлучи да воведе царини на челикот и алуминиумот од европските земји, предизвикувајќи контрамерки од страна на Унијата и кои ги доведуваат во деликатна состојба и останатите трети земји кои тргуваат со ЕУ, вклучително и Македонија.

Нејасно е кога Јункер планира да отпатува во САД за оваа средба, но се очекува тоа да биде до крајот на овој месец. Трамп ќе биде во Брисел идната недела за Самитот на НАТО, но нема најава за средба. (МИА)

Tags: Доналд ТрампЕУЖан-Клод ЈункерСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ