• Latest

За власта со договорот за името сме признати во светот, за опозицијата капитулантски чин

July 3, 2018
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За власта со договорот за името сме признати во светот, за опозицијата капитулантски чин

July 3, 2018 09:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Повторното гласање на законот за ратификација на Договорот за спорот за името во Собранието најавено за в четврток, е следниот клучен чекор за негова примена. Гласањето следи по неодамнешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, да не го потпише Указот за прогласување на законот.

По првото гласање во Собранието на 20 минатиот месец  кога „за“ ратификација на Договорот гласаа 69 пратеници, а 40 „против“ и непотпишувањето, доколку тој повторно биде изгласан, се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник на Република Македонија со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чијшто указ Иванов не го потпиша.

Како што изјави вчера академик Владо Камбовски, уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања.

– Штом прифатиш да бидеш претседател и си дал заклетва дека ќе го почитуваш Уставот, тогаш нормално е дека треба да се однесуваш согласно таквата определба консеквентно. Ако е тој според Уставот должен, не се работи за слободна волја дали ќе го потпише или не законот, дали ќе има ваков или онаков став, тоа е друга работа, негова уставна должност, оттука и законска должност е да го потпише законот, рече академик Камбовски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторија дека договорот е капитулантски, порачаа дека со неговото објавување во Службен весник без потпис од претседателот Иванов, најсрамно ќе се прекршат законот и Уставот и оти за тоа следат затворски казни.

– Доколку Костовски како Директор на Службениот весник на Република Македонија и Талат Џафери како Претседател на Собранието на Република Македонија го сторат ова кривично дело и ги објават законите без потпис од Претседателот Иванов, не само што ќе бидат оспорени пред Уставниот суд, тие и ќе се соочат со затворска казна од најмалку 11 години по човек, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Противењата за договорот продолжија и во Грција, каде од партијата коалициски партнер во грчката Влада Независни Грци најавија дека доколку дојде и кога ќе дојде решението со Македонија за ратификација во грчкиот Парламент, „ќе ја дадат последната битка за да пропадне Договорот“.

Воедно со инцидент заврши синоќешниот протест пред грчкиот Парламент во Атина. Изминатиот период протести се одржаа и пред македонскиот Парламент каде членови на здруженија на граѓани се спротивставија на потпишаниот договор од Преспа на 17 минатиот месец и дадоа поддршка на претседателот Иванов да не го потпише Указот.

Во исто време со најавата за одржување на собраниската седница в четврток за гласање за договорот премиерот Зоран Заев  во одговор на прашање од пратениците порача дека „конечно сме држава признаена од целиот свет, на која и е признат македонскиот јазик и идентитет“.

– Македонија после 27 години ќе има јасна шанса да одлучи за каква иднина се залага и каква иднина посакува за своите деца. Македонија ќе ја има, нема да ја снема секако ако граѓаните застанат и го поддржат реферндумското прашање. Конечно сме држава признаена од целиот свет. Конечно ни е признат македонскиот јазик и идентитет и повеќе дилеми нема, рече Заев, оценувајќи дека опозицијата шири антагонизам и праша зошто 11 години не успеале да ја внесат Македонија во НАТО и ЕУ.

„Македонско – граѓани на Република Северна Македонија“, така, како што рече Заев, ќе биде напишано државјанството во личните документи согласно Договорот со Грција, ако се промени Уставот и ако тоа го дозволат граѓаните на референдум. (МИА)

Tags: Договорим Собраниератификација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ