• Latest

Британија го казнува Фејсбук со пола милион фунти

July 11, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Британија го казнува Фејсбук со пола милион фунти

July 11, 2018 12:09
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук се соочува со првата парична казна поради тоа што не ја спречил фирмата Кембриџ аналитика да дојде до информации од профилите на корисници на таа социјална мрежа.

Надлежната канцеларија на британската Влада која го истражуваше скандалот соопшти дека има намера да го казни „Фејсбук“ со 500 илјади фунти (663 илјади долари) поради лошата заштита на податоците.

Тоа е максималната казна која повереник за информации може да ја наплати поради кршење на британските закони за приватност на податоците.

Тоа ќе биде прва опиплива казна за компанијата поради скандалот, кој ја загрози репутацијата  и поради кој нејзиниот извршен директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот во САД за податоците на корисниците кои компанијата ги направила достапни за трети лица.

„Фејсбук“ објави дека британската компанија Кембриџ Аналитика, компанија која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања 2016 година, дошла до лични податоци на 87 милиони корисници. Кембриџ Аналитика, која во мај престана да работи, соопшти дека дошла до податоци на само 30 милиони луѓе.

Скандалот беше откриен откако нејзиниот поранешен вработен Кристофер Вајли изјави дека податоците на корисниците на „Фејсбук“ се компромитирани по пат на апликација „Ова е твојот дигитален живот“, квиз за личноста во кој учествувале 270 илјади лица. Покрај податоците на учесниците во квизот, апликацијата собирала податоци и за нивните пријатели. (МИА)

Tags: БританијаМарк Закербергтехнологијафејсбук
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ