• Latest

Американска „Дура“ влезе во ТИРЗ Скопје со почетна инвестиција од 18 милиони евра

July 16, 2018

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Американска „Дура“ влезе во ТИРЗ Скопје со почетна инвестиција од 18 милиони евра

July 16, 2018 13:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Осумнаесет милиони евра е почетната инвестиција на американската  компанија „Дура аутомотив системс“ во фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје, чија изградба почна денеска.

Во новиот капацитет што треба да стартува со работа во средината на следната година за 10 години се планираат вложувања од 38 милиони евра и 500 работни места.

Во фабриката, на површина од 16.000 метри квадратни, ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.

Мајк Бекет, потпретседател на „Дура“ истакна дека во изборот за Македонија да биде локација за нивниот нов производен капацитет одлучувачки биле способноста на работната сила, поддршката, ангажманот на македонската Влада, како и добрата инфраструктура.

– Во споредба со останатите избори, Скопје има севкупна супериорна оценка и е најдобра по однос на способност на работната сила, ангажман од страна на Владата и веројатно за успешен процес на работа, рече Бекет.

Претставувајќи го работењето на „Дура“, Бекет потенцира дека од неколку технолошки центри во Јужна и Северна Америка и Европа „Дура“ развива целосни системи и модели за водечки производители во автомобилската индустрија како „Ауди“, „Фолксваген“…

Според премиерот Зоран Заев, почетокот на изградбата на фабриката на „Дуру“ е показател дека Македонија сериозно се позиционира како стабилна и долгорочна дестинација за инвеститорите.

– Неодамнешната покана за членство во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ ќе резултираат со уште поголема доверба и нови инвеститори, рече Заев, потенцирајќи дека членството во НАТО ќе обезбеди сигурност за инвестициите и нивно зголемување во Македонија по примерот на останатите држави како Бугарија и Естонија каде вкупното учество на инвестициите од околу седум проценти во БДП по членството во Алијансата се зголемило на 19,8 проценти, односно 13,5 проценти.

Како што нагласи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капацитетот на „Дура“ е деветта американска инвестиција во државава кои овозможуваат 9.500 вработувања.

– Во Република Македонија сме горди што 40 проценти од капиталот во зоните е од САД, рече Анѓушев, оценувајќи дека изборот на „Дура“ за влез на македонскиот пазар е доказ дека Владата има транспарентна и конкурентна политика за инвеститорите.

Првата средба со претставниците на американската компанија се одржала во февруари, а пет месеци подоцна и почнува реализацијата на нивната инвестиција, забележа Анѓушев, најавувајќи завршување на изградбата на фабриката на крајот на годинава, а средината на следната почнува со работа.

Фабриката во Македонија е 37. инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанијата „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДураЗоран ЗаевинвестицииМакедонијаСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ