• Latest

Нови 20 милиони денари за агро-секторот

July 21, 2018
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови 20 милиони денари за агро-секторот

July 21, 2018 12:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 21 август земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку Мерката 121.4 „Набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода“.

Со оваа Мерка, како што информираат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, на располагање се 20 милиони денари, а со овие средства земјоделските стопанства ќе може да набават систем за наводнување капка по капка, да направат конструкција на бунари и други зафати на површинска вода.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, вели дека за мерките ќе може да аплицираат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

– Барањата за добивање на финансиските средства се поднесуваат електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува 1.800.000 денари за земјоделците кои ќе аплицираат за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари вели тој.

Сите заинтересирани со овие средства ќе може да набават подземни системи за наводнување капка по капка, опрема и приклучна опрема за системот за наводнување (филтри, фертиригатори, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема и приклучна механизација за поставување и собирање на системот капка по капка, опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија, вклучително и опрема за енергетска ефикасност и опрема за производство на одржливи енергии и агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема.

Со добиените средства ќе може да се набави и компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и софтвер, услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи вклучително и инсталирање на опремата и софтвер, како и услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање, на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот, а во висина на 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Директорот на Агенцијата појаснува дека изборот на финансирање на инвестициите ќе се прави по принцип на рангирање.

– Избирањето ќе биде по принцип на рангирање, а ако одредени апликанти имаат ист број на бодови ќе се земе предвид прв дојден прв услужен. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу две барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, вели Бабовски.

Според правилата на Програмата, апликантите освен барањето кое треба да биде своерачно потпишано, заедно со податоците за локација на инвестицијата, ќе треба да прикачат и понуда, профактура за предложената инвестиција и деловен план изготвен согласно предвидениот образец „деловен план“.

Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата. Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат. (МИА)

Tags: 20 милиони денариагро-секторземјоделствотоПрограмарурален развој
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ