• Latest

Заев од Пелинце: На 30 септември да избереме иднина наместо небиднина

August 2, 2018
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев од Пелинце: На 30 септември да избереме иднина наместо небиднина

August 2, 2018 13:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава призната од сите, горда, исправена, еднаква со другите, држава на која граѓаните ќе бидат горди. Храброста на нашите борци на кои денес им се поклонуваме  е мотивот кој не води секој ден, за држава исправена пред светот. Нема подобар начин да им се оддолжиме, освен со продолжување на храбрите чекори. Време е Македонија да направи историја, забрзано да продолжи на патот кон посветла иднина. Одговорот на таа шанса треба да го дадеме заеднички, никој место нас нема да донесе одлука.

Ова е пораката што ја испрати денеска од Пелинце премиерот Зоран Заев, обраќајќи се по повод одбележувањето на двата илиндена.

Заев апелира граѓаните да излезат на референдумот на 30 септември и да кажат „да“ за идните генерации и за иднината на Македонија, рече дека Договорот со Грција е патриотски и дека со него се зачувуваат македонскиот идентитет, јазик и државјанство и повика на единство, наместо на поделби.

Според него, мораме да гледаме напред, времето пред нас умно, храбро и посветено да го искористиме. Имаме историска шанса Македонија да ја извелечеме од долгогодишната криза и да ги решиме длабоките проблеми. Светот едногласно ја поддржува новата политичка страница на Македонија која води кон квалитетен живот на сите во земјата.

– Да ги запреме сите поделби, да се обединиме внатре и со европското семејство за да имаме утре. Пред неколку дена го потврдивме датумот за референдумот – 30 септември. Тоа е денот на нашата нова историска одредница, денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО. Секој од нас поединечно ја има шансата да ја донесе оваа голема одлука. Сега е моментот. Државотворните народи препознааваат вакви историски моменети, во вакви моменти не се седи дома, не се молчи, туку шансата треба да се зграби храбро, одлучно, достоинствено, напомена Заев.

Иднината, истакна премиерот, е вистинскиот избор, секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата, а со тоа и за иднината на својата земја.

– Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба да изберете. Излезете и изберете. Демократскиот избор на граѓаните мора да се почитува, нивниот став е конечен. Уверен сум дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, дека ќе го избереме патот што води напред. Никој не може да не споре, одлучни сме и решителни Македонија да успее и ќе успее, подвлече премиерот.

Според него, доста беше зробена држава, кринимал, корумпирано судство, купени медиуми, политичка мафија.

– Доста е небиднина, ќе избереме иднина, време е за иднина наместо небиднина. На 30 септември ќе ги одбиеме мракот, криминалот, незивесноста и изолацијата. Ве повикувам сите да кажете со гордост „да“, да кажеме „да“ за гарантирана стабилност и безбедност преку членство во НАТО, за признат и потврден идентитет, јазик и култура. Ние сме „за“, за нас, за нашите идни генерации, за иднината на Македонија, порача премиерот Зоран Заев од Пелинце.

Премиерот напомена дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита.

– Заедно ја испишавме историјата, заедно ќе ја градиме иднината. Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на двата Илиндена, од перспектива на оваа 2018 година неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да ја прифатиме државотворната агенда – да ја градиме Македонија како држава на сите граѓани, да градиме едно општество за сите, рече Заев.

За само една година, потсети, Македонија направи пресврт иако беше соочена со низа препреки кон евроатлантските интергации. Потребна беше храброст, а одлуките не беа лесни. Дел од проблемите беа објективни, а дел некој ги создаваше.

– Нема секогаш да добиваме шанси Македонија да биде еднаква со другите држави. Сега е шансата да го земеме нашето заслужено место, Македонија, целото општество, има голема поддршка за спроведување на суштинските реформи, уште поголема е поддршката да продолжиме со нив до конечното членство во ЕУ и НАТО. Нашите пријатели сметаат дека Маекдонија е конечно на вистинскиот правец, напомена Заев.

Осврнувајќи се на Договорот со Грција рече дека овој документ, историски гледано, е најдобрата и фер шанса за македонските граѓани, влог во македонската иднина што го расчисти патот за влез на Македонија  во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет, го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема повеќе оспорувања.

– Носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото културно и историско наследство. Кога ќе стоиме пред јарболот на кое ќе се вее македонското знаме, ќе стоиме гордо зашто името, знамето и грбот остануваат засекогаш. Договорот го заштити целосно македонскиот јазик. Според членот 1, официјален јазик на нашата држава е македонскиот, јазикот е потврден, а идентитетот е зачуван, зачувано е и државјанството. Тоа ќе биде македонско, граѓани на Северна Македонија, „мк“ и „мкд“ се прифатени и остануваат меѓународно прифатливи кодови, посочи Заев.

Со Договорот, повтори, решаваме децениски спор, ги затвораме проблемите, го затвораме секое спорење на македонскиот идентитет,  проодлжувме напред по јасен пат, ги градиме македонско-грчкото пријателство и соработка, довербата меѓу двете земји. Грција ќе биде наш сојузник и поддржувач. Тоа е новата реалност што заедички ќе ја изградиме на темелите на пријателството и на заложбите за демократија, мир и просперитет.

– Ова се силни причини и аргументи за патриотизам, аргументи за тоа што значи да ја сакаш својата земја. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре, кога ја штитиш иднината ако го сакаш најдоброто за својата земја, своето семејство и за луѓето околу себе. Овој Договор е за тоа и затоа е патриотски, нагласи премиерот.

Во обраќањето, Заев се наврати на дел од државотворните одлуки на АСНОМ кои, како што рече, се актуелни и денес.

– Ова е денот кога се оствари вековната желба на јунаците на крушевската, илинденска епопеја и на храбрите борци од МОБ, тоа е желбата на македонската држава, на генерации дејци. На овој ден е вкоренета нашата државност, оба е еден од големите историски датуми кои го одразуваат континуитетот на државноста и стремежот на граѓаните, копнежот за создавање сопствена држава. Во нашите гени ги носиме кодовите на нашите претходници, на кои се повикуваме и ја градиме иднината. Тој континуитет на вредности е карактеристика на модерните европски држави, подвлече претседателот на Владата Зоран Заев.

Официјалното одбележување во Пелинце почна со интонирање на македонската химна и со положување цвеќе во Мемроијалниот центар. Со премиерот Заев се и владини министри, меѓу кои за внатрешни работи Оливер Спасовски и за надворешни Никола Димитров. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на МакедонијаЗоран ЗаевИлинденНикола ДимитровОливер СпасовскиПелинцеПремиер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ