• Latest

Една поинаква предреферендумска приказна

September 12, 2018

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Една поинаква предреферендумска приказна

September 12, 2018 15:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на ЦИВИЛ од проектот „Гласам, значи постојам!“ се одвиваат во различни региони низ Македонија. Целта на овие патувања и посети на македонските општини е да се запознаат граѓанките и граѓаните со целите на проектот и тие слободно да го искажат својот став за претстојниот референдум во Македонија на 30-ти септември.

Една од првите дестинации за нас беше Вардарскиот регион, односно, како почетна точка – Велес, а потоа, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино. Во вторникот наутро, во 8 часот, си помислив – на кои луѓе ќе им се обраќаме, и дали и оттаму се повеќето млади веќе иселени, особено, во Градско или во Росоман, но, бев сигурна дека ќе се снајдеме.

Во првата дестинација Велес, загубивме дваесеттина минути од планираниот термин, барајќи слободно паркинг-место. Откако го поставивме инфо-штандот на ЦИВИЛ, на кој граѓанките и граѓаните имаат можност да се запознаат со нашата работа, да дебатираат за целите на референдумот, да го изразат својот став во врска со промената на името и зачленувањето во НАТО и ЕУ (без разлика дали ставот им е позитивен, негативен или можеби немаат никаков став), и да ја напишат својата порака на нашата огласна табла или за „гласачката кутија“. Најчесто граѓанките и граѓаните имаат позитивен став за референдумот, со теза дека тоа ќе и донесе позитивна промена на Македонија. На оние кои сакаа да се изјаснат дека се против промената на името, дури и ако тоа значи незачленување во НАТО и ЕУ, со насмевка им велевме дека ние од ЦИВИЛ, не сме тука ни „за“ ниту „против“, туку само сакаме да го слушнеме нивниот став и да ги охрабриме да излезат на референдум.

Потоа, со колегата – камерман, тргнавме да направиме анкета, да видиме дали можеби пред камера граѓан(к)ите на Велес, ќе сакаат да го искажат својот став за референдумот. Заклучок: за разлика од скопјан(к)и, луѓето од другите градови многу повеќе сакаат да зборуваат.

„Во Скопје ќе немав ниеден одговор досега, а тука веќе имаме 6-7 одговори“, му велам на колегата, кој ми одговара дека „во Скопје на луѓето им е веќе смачено, секојдневно им доаѓаат по 10 камери во лице и ги прашуваат, не сакаат да зборуваат“. Во тој момент си реков дека и да е така, сепак, е себично, но која сум јас да судам…

Застанува соговорник кој ни вели дека е за европска иднина на Македонија, и дека е време да се мрднеме од место, дека со овие плати луѓето, едноставно не можат да живеат. Потоа, почна да зборува за иселувањето на младите од Македонија, и дека и неговите деца не се тука повеќе.

„Не може ова вака, сите млади си отидоа, останавме само ние, пензионерите, нема млади бе луѓе, празна е Македонија!“, зборува низ солзи.

Човек плаче пред камера, пред нас, туѓинци… И мене, веднаш ми дојдоа солзи во очите, за момент, не знаев како да изреагирам. Што и можев да му кажам?! Ќе биде подобро? Како да му го аргументирам тоа? Мислам дека таа слика на дедото како плаче, ќе остане засекогаш во мојата глава…

Следна дестинација е Градско. Колегите се надеваат дека ќе најдеме минувачи и соговорници, а мене ми е особено интересно, бидејќи првпат одам таму. Поставуваме штанд на место за кое сметаме дека ќе биде фреквентно и дека ќе поминуваат луѓе. Младо момче го крши мразот. Откако го каниме да напише некоја порака, ни одговара: „Преку глава ми е од политика, не можам!“.

„Ако, напиши го тоа, тоа е твојот глас, твоето мислење, ние и тоа ќе го пренесеме“, му вели колегата.

Тоа и го напиша… И си велам, дека добро знам дека на многу граѓани им е преку глава од политика, сите сме затруени, заглавени „до гуша“ во политика, бидејќи сè во нашиве животи ни зависи од неа. „Разбирам…“, му велам на момчето, и погледнувам надолу.  

Додека заминуваме од Градско, во автомобилот само си помислив колку е убаво тоа мало место и дека би можела и да живеам тука…

Третата дестинација е Росоман. Повторно се мислат останатите колеги каде да го поставиме штандот… Чекаме. Нема минувачи. Се преместуваме на пазарот на патот Прилеп – Скопје. И таму, продавачите чекаат купувачи. Немаше многу народ… Разговаравме со луѓето за нашите активности, ги каниме и да се пријават да бидат набљудувачи на референдумот преку ЦИВИЛ, бараме да ни го кажат својот став за реферндумот, се рспрашуваме и општо, за животот во Росоман.

Возрасните граѓанки кои продаваа на пазарот имаа многу јасен и цврст став. „Нема да гласаме на референдумот, нема да излеземе“, децидна е една од нив.

„Добро, тоа е ваше право, слободно повелете, напишете ни го како порака и ние ќе го пренесеме“, и вели колегата.

Откако го изкажаа ставот околу референдумот и името на Македонија, почнаа да зборуваат за нивната работа на пазарот, и колку им е сè мачно, како сите производи кои ги продаваат се нивни, домашни, но нема кој да ги купува. „Сите партии се исти, а на пазаров ништо не се менува“, вели разочарано една од продавачките. 

Заминуваме и од Росоман, и се надеваме на поубава слика во Кавадарци и Неготино.

Не можеме, а да не помислиме на концертот на Цеца од пред некој ден, и огромната толпа на луѓе присутна на концертот во Кавадарци.

Среде ден, плоштадот беше празен, само екипата која ги средува елемнтите на сцената од концертот. Сепак, иако беше работен и училишен ден, во Кавадарци успеавме да привлечеме внимание на граѓаните, да земеме изјави, да снимиме анкети, а неколку медиуми дојдоа на настанот, да земат изјава за проектот на ЦИВИЛ – „Гласам, значи постојам“.

„Гласам за европска иднина на Македонија“, „За иднина на младите“, „Гласам за подобра иднина за младите и за цела држава, сега е вистинско време“, „Не гласам!“, „Македонија е како Зимбабве“, се дел од оние пораки кои ни ги оставаа граѓаните напишани на таблата и во пораките во кутијата. 

Крајна дестинација за екипите на ЦИВИЛ беше Неготино. Застануваме на плоштадот, попладне, и за разлика од помалите Градско и Росоман, има повеќе луѓе кои шетаат или седат на клупите. Снимаме уште една анкета. Откако поставивме инфоштанд на плоштадот, почнаа да доаѓаат граѓани и да прашуваат за што се работи.

Еден граѓанин се отвора пред нас, вели дека е политички определен, дека е член на партија, но и дека ја охрабрува партијата да зачекори напред со Македонија, дека нема повеќе време за губење… Ваквите пораки радуваат, бидејќи кај нас, политички определените ретко толерираат и поинакви ставови или неопределени.

Поминува друг граѓанин, кому вниманието му го одвлекуваат камерата и микрофонот, гледајќи шанса во тоа да го каже својот пробалем. Вели дека тешко се живее, дека социјалната помош е само 4.000 денари. Го прашувам дали добива помош воопшто и дали ја добива на време.  Ми ја покажа кесата со парчиња леб и рече: „Овој леб го собирам од контејнери. Го фрлаат другите луѓе и јас го зимам“.

И, едноставно, не можев да не помислам на сите мои проблеми за кои сум загрижена и за проблемите кои ги луѓето оставени на маргините на општеството. Ќе имамем редерендум, ќе влеземе и во Европа, ама и тогаш, некој ќе собира и буквално, корки леб од контејнер. И повторно имав солзи во очите. Колку вакви случаи има во нашата Македонија, од каде да почнеме?!

Седнав на клупа малку да ги тргнам мислите од сето тоа што го видов дента. Тогаш помина еден граѓанин, го погледна банерот и како да се збуни. Помислив дека нешто не разбрал, но наместо да не праша нешто, ни дофрли: „Како не ви е срам? Да ви ја … мајката“, не опцу и ни упати многу лут поглед.

Најмладата колешка, за која ова беше ново искуство, праша дали ова често се случува? И реков дека не е многу често, но дека понекогаш се случува, особено од оние кои имаат своја вистина, и се плашат да дојдат и да прашаат што точно нудиме.

Вечерта разговарав со друштвото, им раскажав за сето тоа што се случуваше на патот низ Вардарскиот регион и ги прашав: „Зошто да не направиме ние нешто тука?“.

Пријателите не се согласуваа со мене. „Зошто и за што да останат тука? Што ми дала на мене оваа држава, за јас да сакам да останам тука? Тоа што си го видела денес, го има насекаде низ Македонија…“.

Помислив, ајде, можеби работите ќе почнаат да се менуваат и ќе тргнат на подобро, по референдумот.

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВелесГрадскоКавадарциНеготинореферендумРосомансиромаштијаЦивил
Share68Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ