• Latest

Македонија се соочува со црна пропаганда

September 12, 2018

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија се соочува со црна пропаганда

September 12, 2018 13:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносните ризици со кои се соочуваат земјите веќе не се конвенционални, туку хибридни. Најдобар начин земјите да се одбранат од нив е да го зголемат нивото на свесност, да соработуваат со партнерите и со другите меѓународни организации, се дел од ставовите на учесниците на конференција „Стабилизирачки ефекти од евроатлантската интеграција: Да работиме заедно против хибридните закани“ што се одржа денеска во Скопје.

– Нашето искуство во Македонија покажува дека во ниту еден момент државата не се најде во криза поради еден тип на закани и опасности секогаш проблем кога различни типови закани и слабости ќе коинцидираат. Тоа искуство треба да се има на ум кога се соочуваме со еден од големите предизвици во нашата историја – референдумот, на кој граѓаните треба да донесат одлука за отстранување на последната пречка кон полноправно членство во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа потенцира дека Македонија се соочува хибридни закани од типот на црна пропаганда, оцрнување на дел од државните и меѓународните институции и извртување на легитимните интереси на Македонија.

– Убедена сум дека ќе се справиме со овој тип закани бидејќи граѓаните знаат каква држава посакуваат и каде припаѓа Македонија. Наша задача е да го обезбедиме тој пат да ги предводиме да бидеме вистински лидери а не следбеници, рече Шекеринска.

Според неа, ова е историска шанса која ако ја испуштиме сигурно нема да се повтори во следните 10-20 години.

– Да се биде држава на Балканот, а да не се преземат сите неопходни чекори да се зацрвсти стабилноста и безбедноста на граѓаните, да се зацврсти територијалниот интегритет и суверенитет е неодговорно и е чист авантуризам, потенцира министерката Шекеринска.

Дебата во МНР

Хибридните закани, рече државниот секретар во МНР Виктор Димовски, доаѓаат од земји кои заради сопствени интереси користат разни начини да ги постигнат.

– Ние во регионот не сме отпорни на вакви закани, туку напртотив иако опкружен со земји членки на ЕУ и НАТО, поради историски и геостратешки констелации можеби е ранлив повече од другите региони. Затоа главен аргумент против таканаречените сиви зони на несигурност е целосната интеграција на регионот во НАТО и ЕУ, рече Димовски.

Додаде дека клуч на борба е континуирано собирање и споделување и проценка на информациите на стратешките патнери со цел навремено откривање и одвраќање на тековните и евентуални нови хибридни активности

Мајкл Гаул, копретседавач на Работната група за новите безбедносни предизвици, рече дека меѓународната поддршка за Македонија е повеќе од јасна и дека сите големи сили сакаат да ја поддржат земјава во овој нејзин историски чин и во стратешката цел – евроатлантските интеграции.

Во однос на новите безбедносни предизвици, Гаул истакна дека против новите закани како што е кибер криминалот и радикализацијата не можеме да се бориме со оружје и со проектили и оттаму справувањето со хибридните закани е отежнато.

Тој смета дека најдобар начин земјите да се одбранат од хибридните закани да го зголемат нивото на свесност, да соработуваат со партнерите и со другите меѓународни организации.

Жан-Марк Рикли, раководител на Одделот за меѓународен ризик во Женевскиот центар за безбедносна политика рече дека Македонија е мала држава и не може да си дозволи да се занимава со ваков вид закани што претставуваат опасност и за големите сили.

– Не можете да изградите ѕид околу вас за да се заштитите. Тоа е веќе минато. Во кибер димензијата не може да градите ѕидови, бидејќи главните актери во овие закани користат и човечки и нечовечки ресурси, рече Рикли.

Тој како пример ја посочи Исламската Држава што вооружува бегалци и ги инфилтрира во другите земји што, како што кажа тој, опсегот на овие закани е многу голем.

Хрватската амбасадорка во земјава Данијела Баришиќ, која е и контакт Амбасада на НАТО, смета дека поканата на Македонија за да пристапи во Алијансата е доказ за отворената политика на Алијансата.

– Имате историска шанса на претстојниот референдум да ја постигнете целта што си ја зацртавте пред 27 години, а тоа е членството во ЕУ и во НАТО, рече таа.

Говорејќи за новите хибридни закани рече дека новата технологија освен што донела бенефити, донела и големи ризици. Посочи дека стратегиско орудие на хибридните закани се лажните вести кои се шират со многу поголема брзина за разлика од другите вести бидејќи оние кои ги шират најчесто не го почитуваат законот.

Истакна дека за да се справиме со хибридните закани, односно лажните вести, треба да се охрабрат и зајакнат меин стрим медиумите и јавните медиуми кои можат да ги препознаат лажните вести, јакнење на свеста, демократијата, владеењето на правото… (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Виктор ДимовскиконференцијаМајкл ГаулМакедонијаМНРпропагандаРадмила Шекеринска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ