• Latest

Македонија се приклучува кон европското семејство

September 13, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија се приклучува кон европското семејство

September 13, 2018 09:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европа и светот ги отворија вратите за Македонија. Седнуваме на големите маси, рамо до рамо со најсилните земји во светот, рамноправни, поддржани од нашите сојузници, порачаа поддржувачите на референдумот на вчерашните јавни настапи и на средбите со граѓаните.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев синоќа од Крива Паланка  посочи на поддршката што ја има и ја добива Македонија од целиот свет.

– Доаѓа цел свет да го потврди тоа што го правиме, тоа е европско однесување, да бидете горди и со Македонија и со иднината на Македонија, рече Заев и додаде дека денеска во Европскиот парламент во Стразбур ќе зборува за перспективите на Македонија, а земјата се уште не е членка на ЕУ.

Вес Мичел

Двајца високи американски гости, Вес Мичел и Џејмс Матис, доаѓаат во Македонија за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.

Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на договорот од Преспа.

Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија.

– Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврстување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот, се вели во соопштението до МИА.

Од Стејт департментот уште еднаш повторија дека го поздравуваат историскиот Договор од Преспа и високо ја оценуваат покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во Скопје за викендот доаѓа и државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. 

Федерика Могерини.jpg

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе одржи средби со македонскиот државен врв.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува „историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно „зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

– Во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, додаде Шекеринска.

Покрај Матис, наредната недела во посета на Македонија ќе дојдат уште двајца министри за одбрана од земји членки на ЕУ за да дадат поддршка референдумот да успее.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи за време на вчерашната посета на Скопје ги повика граѓаните на Република Македонија да учествуваат на референдумот и да гласаат „за“ затоа што, оцени, Македонија во НАТО значи мир во целиот регион, вклучувајќи го и Косово. За него, ова е историски момент што треба да се искористи.

Блок Димитров

И шефот на холандската дипломатија Штеф Блок по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров порача дека Холандија ја поддржува и перспективата за членство во ЕУ на Македонија.

– Нашата политика е строга но фер, кога земјата ќе ги исполни предусловите ќе го поддржиме пристапниот процес за ЕУ во јуни 2019 година, рече Блок.

Поддржувачите на референдумското „За“ вчера порачаа дека светот ги отворил вратите за нас и оти сега останува граѓаните на Македонија да одлучат дали таа шанса ќе ја искористат. (МИА)

Tags: ЕУМакедонијаНАТОподдршкареферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ