• Latest

Могерини и Мичел во Скопје за поддршка на референдумот

September 13, 2018
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Могерини и Мичел во Скопје за поддршка на референдумот

September 13, 2018 10:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел, денеска ќе престојуваат во работна посета на Република Македонија за поддршка на референдумот за Договорот од Преспа.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Старата скопска чаршија, каде што ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграцијата во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува „историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, во согласност со „зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Мичел, пак, како што соопшти Стејт департментот, ќе има средби со премиерот Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември.

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис-заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американската поддршка за приклучувањето на Македонија во западното семејство, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев и Мичел по средбата ќе дадат изјави за медиумите пред платото на Владата со почеток во 18:30 часот.

Минатиот викенд земјата ја посети американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност, Рон Џонсон, кој е еден од коспонзорите на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа, а наредниот викенд уште еден висок американски претставник ќе ја посети Македонија – секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис. Матис доаѓа во Скопје за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

– Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.

Посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и од ЕУ, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

– В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратегиски политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, изјави вчера Шекеринска во Кочани.

Изминатите денови на интензивна дипломатска активност  во Скопје престојуваа и изразија поддршка за успешен референдум германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар Себастијан Курц, министерите за надворешни работи на Луксембур и на Холандија, Жан Аселборн и Стеф Блок, а поддршка дојде и од високи претставници на повеќе земји од регионот. (МИА)

Tags: Арон Вес МичелреферендумФедерика Могерини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ