• Latest

Што е проблематично во изјавата на Захарова за руското (не)мешање во референдумот?

October 5, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Што е проблематично во изјавата на Захарова за руското (не)мешање во референдумот?

October 5, 2018 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека дури и по референдумот за промена на името, Западот сè уште се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО.  

Нејзината реакција доаѓа по изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека на почетокот на 2019 Алијансата ќе ја прими Македонија во своите редови. Захарова смета дека тоа е недозволиво и дека првин треба Македонија и Грција да донесат одлука.

Како што јавува ТАСС, Захарова смета дека ако се зборува за немешање во внатрешните работи, тогаш не смее да се агитира „за“ и „против“ кога станува збор за референдуми.

„Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, тогаш првиот човек на еден блок од држави не смее да говори за одлука што треба да ја донесе парламентот на една земја, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи“, изјавила Захарова.

Исто така, руските медиуми пренесуваат дека била изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ, што го следеа одржувањето на референдум во Македонија поставувајќи го прашањето што ќе се случеше доколку Русија ги повикаше Македонците да гласаат. Според неа, тоа веднаш ќе се смета за мешање во внатрешните работи. Па така, вели Захарова, пропагандната кампања на Западот покажува двојни стандарди и злоупотреба на социјалните правила и норми.

Но, што е проблематично со оваа изјава, праша професорката Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил.

Како што вели Најчевска, самите изразивме желба за влез во НАТО, а не обратно дека тие не викнале да влеземе во нивната структура.

„ЕУ и НАТО се посакувани структури за најголем број од граѓаните. Толку се посакувани што влегле и во изборните ветувања. Западните држави не се мешаат во внатрешните работи туку во оние нешта кои претставуваат дел од процесот на влез во нивните структури. Ние самите сме се изјасниле дека сакаме да ги исполниме условите за влез и тие ни укажуваат на начинот како да го направиме тоа“, објаснува Најчевска.

Што се однесува на влијанието на Русија и како што вели Захарова, нејзиното стоење настрана, Најчевска додава дека Русија е онаа што работи спротивно на меѓународното право и таа е онаа  што даде поддршка за бојкот на референдумот.

„Русија се меша во нашите внатрешни работи и постапува спротивно на меѓународното право со тоа што ни го оспорува правото сами да си решиме за нашиот влез во сојуз во кој таа не се наоѓа. Русија ќе имаше право да ги стимулира граѓаните да излезат на референдум доколку сакавме да влеземе во некој сојуз во кој се наоѓа таа. Поддршката на Русија на бојкотот е поддршка на неупотребата на демократските алатки односно поддршка на недемократијата“, разјаснува Најчевска.

Б. Ј.

Tags: Јанс СтолтенбергМакедонијаМарија ЗахироваМирјана НајчевскаНАТОреферендумРусија
Share48TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ