• Latest
Добро утро со Орданоски

Има надеж, во ограничени количества

October 9, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Има надеж, во ограничени количества

October 9, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]лушам некни еден познаник во интервју на еден од македонскиве медиуми, паметен човек, посветен верник, заколнат конзервативец и решителен противник на референдумот, како, отприлика, вака резонира: прво елоквентно, цивилизирано и разложно објаснува дека притисоците, заплашувањата и заканувачките укажувања што пред референдумот беа „испорачани“ во Македонија од бројни високи гости од Западот претставуваат непринципиелно мешање во македонските внатрешни работи, кои македонскиот народ на крајот мудро и одлучно ги отфрлил со неизлегување да гласа на референдумот; а на прашањето на водителот дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието имаат право на свое мислење за тоа дали ќе ги поддржат уставните промени, соговорников, по скратена логичка постапка, како од пушка одговори: „Какво свое мислење, па ова е многу сериозна работа, тие се под смртна закана да не го изневерат македонскиот народ!“

Ете, толку од цивилизираноста и принципиелноста, а и од верското милосрдие. Кога притисокот и заканите, макар и во форма на најпријателски, загрижени совети, доаѓаат од надвор, тие се непринципиелни, лицемерни, империјалистички израз на одвратните двојни стандарди во реалполитиката на Западот. Кога, пак, смртните националистички закани доаѓаат од дома, кога во нив се спомнуваат дури и децата на пратениците, тогаш се знак на голем патриотизам, принципиелност, оправдано барање на доследност и повик за одговорност пред народот!

„Пониското“, оперативно ниво на тоа насилие е тековната чистка на сите оние околу раководството на најголемата опозициска партија кои не се плашеа да изразат различен став од официјалниот, партиски, дури и во ситуација кога, формално и наводно, партијата остави на совеста на сите членови самите да одлучат како ќе гласаат на референдумот. Сега партијата не се ни стеснува да покаже дека е отворена сезоната на лов, на линч на тие слободномислечки партиски членови, без разлика на нивните (бивши) позиции и стаж во партиската догма и во номенклатурата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груевизмот во нас“ се заменува со „Ќосевизмот во нас“, како уште едно канибалистичко политичко скалило подолу во стогодишната џихадистичка идеологија на таа самодеструктивна и пошироко деструктивна организација.

Во таква атмосфера, СДСМ и ДУИ бараат грст пратеници на опозицијата во Собранието кои би се одважиле да ја спасат татковината – а и ВМРО-ДПМНЕ, патем – од неминовната меѓународна изолација и постепено пропаѓање. (Тричко тоа веројатно би го опишал како кога свежо заклана свиња се обесува на ченгел, да отстои и да се исцеди од крвта… Брррр!)

Јас мислам дека за тоа е потребно чудо! Кое, можеби, може да го изведе само еден човек… Не тој што го осудија за во Идризово, другиот. Е, па, редно е нешто и тој чесно, со труд да заработи во животот!

За тоа, толку. Не е ни потребна прогноза „од доверливи извори“, резултатите секако ќе се знаат во наредната недела дена.

Од друга страна, на слична џандарска тема, да се скине човек од смеење од онаа епохална денунцијантска преписка помеѓу руските бабушки Стефан Влахов-Мицов и Јанко Бачев! Двајцата се – според меѓусебните, убедливи и детални обвинувања – полициски жбирови и обикновени провокатори, веројатно управувани од една иста канцеларија, од исти луѓе од претпладневна и од попладневна смена. Ви гарантирам дека и објавените писма со меѓусебните плукања се напишани во истата таа канцеларија! Бидејќи, невозможно е да се најдат такво лонче и капаче, како овие двајца политички кловнови, во природни животни услови. Мора да е некој штапски експеримент со бубашваби и новичок, можеби излезен од контрола?

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result